Автор Тема: ЕКО куќи  (Прочитано 1476038 пати)

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1317
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2910 на: 16 Октомври 2014, 23:53:10 pm »
5см кај нас ти исто како да немаш изолација.

Минимум 10ка.

Мои мајстори со даксорол материјал даваат писмена доживотна гаранција на материјал и мајсторија.
на времето кога се почуваше со изолација на зградите и куќите сите ставаа 5см.и така се тераше неколку години.последниве година-две,слушам муабети 8 см,10см па сега и 15 см.за две години сигурно ќе биде 30 см препорачано за македонијава.
затоа барав линк од некој тест,или каква е разликата помеѓу 5,8,10 см стиропор во реалноста.јас мислам дека нема голема разлика во температурата од 5 до 10 см,дали пола степен(на памет зборам), туку има најголема разлика во цената која не е оправдана со ништо.
да тргнеме логички да размислуваме.
во еден фрижидер за длабоко кој работи цело време од -10-15 дебелината не е поголема од 5см.претпоставувам дека е тврдо пресуван-незнам.
обичниве фрижидери ако си расклопил ќе видиш дека имаат дали 17 или 20кг стиропор не подебел од 3,4,5 см.
така да мислам дека муабетиве стандар за наше поднебје од 10-15 см се неточни освен ако некој ми покаже стручно испитување и тестирање.
мислам дека нема потреба повеќе од 5см (20кг стиропор )со пластифицирана фасада.+пластифицирана фасада не пропушта влага,вода,тоа е уште еден фактор за дополнителна изолација
земи еден термос за кафе или вода,во него има околу 1 см стиропор,па држи температура(да речам неколку саати или пола ден)


да спомнам дека било каква изолација да ставиш треба просторијата да се проветри со тоа што пак имаш влез на ладен воздух зимо време.но тоа влагаме во други теми,би сакал да се фокусираме на изолациона фасада,која дебелина и зошто?
би прашал некој да објасни повеќе за абрип(б),фул абрип,влечена или вртена фасада.или за некој други техники

 
форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2911 на: 17 Октомври 2014, 00:08:21 am »
во еден фрижидер за длабоко кој работи цело време од -10-15 дебелината не е поголема од 5см.претпоставувам дека е тврдо пресуван-незнам.
обичниве фрижидери ако си расклопил ќе видиш дека имаат дали 17 или 20кг стиропор не подебел од 3,4,5 см.
така да мислам дека муабетиве стандар за наше поднебје од 10-15 см се неточни освен ако некој ми покаже стручно испитување и тестирање.
мислам дека нема потреба повеќе од 5см со пластифицирана фасада.
земи еден термос за кафе или вода,во него има околу 1 см стиропор,па држи температура(да речам неколку саати или пола ден)

Тоа е таа нерелевантност, кога се споредуваат баби и жаби. Или ти си видел фрижидери со прозори, врати, и балкони. :)
Сериозно, само сакав да укажам на неспоредливоста на споредениве работи.

http://www.mouldedfoams.com/eps-frequently-asked-questions.htm
Спрема ова горе, на секои 44мм дебелина се дуплира R вредноста на стиропорот (мерка за изолација).
http://en.wikipedia.org/wiki/R-value_%28insulation%29

Значи ако веќе секако плаќам: работна рака, материјал како лепак, мрежица, разни подлоги, декоративен малтер, и сето тоа иде накај 17 до 25евра по квардат... па зарем евро-две се многу пари за дуплициран или триплициран фактор на изолација??
Или во превод, на 4 до 5 илјади евра трошок за фасадата, разликата до дупло поширок стирпор е накај 200-400 евра (зависно од големина и килажа/густина/тврдост).

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1317
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2912 на: 17 Октомври 2014, 00:37:02 am »
фрижидерот го пишав бидејќи кај него се гледаат највеќе изолационите својства на одредена дебелина на стиропор  и тие разлики на температури.колку саати ќе држи одредена температура и слично.....
незнам што те буни, кој се баби а кој се жаби за тебе.ако знаеш подобар пример за компарација пиши,ќе дискутираме.
и кога пишав за примерот со фрижидерот мислев дека ние во домовите немаме потреба од константна изолација,освен зима и лето,неколку месеци,како што е примерот со фрижидерот.
ако фрижидерот со константна потреба(од 1 год) за изолација има максимум 5 см изолација што толку потреба имаме во домовите да ставаме 15 см изолација за неколку месеци потребна изолација?
во таа насока размислував.

со која математичка формула се дојде до просечна дебелина на стиропор од 15 см за македонскиве простори?

сите знаеме дека што повеќе да ставиш тоа е подобро но која е задоволителната дебелина на стиропор и со која килажа.










форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2913 на: 17 Октомври 2014, 01:14:10 am »
http://www.mouldedfoams.com/eps-frequently-asked-questions.htm
Спрема ова горе, на секои 44мм дебелина се дуплира R вредноста на стиропорот (мерка за изолација).
http://en.wikipedia.org/wiki/R-value_%28insulation%29

Не баш.

Извадок од долниот линк:
Цитат
Heat transfer through an insulating layer is analogous to electrical resistance. The heat transfers can be worked out by thinking of resistance in series with a fixed potential, except the resistances are thermal resistances and the potential is the difference in temperature from one side of the material to the other. The resistance of each material to heat transfer depends on the specific thermal resistance [R-value]/[unit thickness], which is a property of the material (see table below) and the thickness of that layer. A thermal barrier that is composed of several layers will have several thermal resistors in the analogous circuit, each in series. Like resistance in electrical circuits, increasing the physical length of a resistive element (graphite, for example) increases the resistance linearly; double the thickness of a layer means half the heat transfer and double the R-value; quadruple, quarters; etc. In practice, this linear relationship does not hold for compressible materials such as glass wool batting whose thermal properties change when compressed.

Според ова зависноста помеѓу дебелината на слојот и R-вредноста е линеарна.

Отсутен Marakana

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 886
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2914 на: 17 Октомври 2014, 01:31:31 am »
Ako e kaj nas preporacana debelina na stiropor 15cm, kolku e vo Skandinavija ? Ili tamo koristat drugi materijali ... ako znae nekoj neka kaze, stvarno me interesira.
Kaj mene imam 8cm staveno direktno na blok (nemalterisuvana) i lani dnevnata od 45-6 m2  ja greev so edna 3.5 klima i toa vo prosek okolu 12 sata dnevno si rabotese. Vo spalna ja pustav 1 sat pred spienje i tolku.
E sega od druga strana lani i ne bese koj znae kakvo zimo, ako stegne minus poveke ke vidime.
Od moe iskustvo bi preporacal 10cm sepak , normalno ako se ima pari moze i poveke, nema da steti.
Коме је суђено да буде јебан, том гаће саме падају

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2915 на: 17 Октомври 2014, 01:47:25 am »
фрижидерот го пишав бидејќи кај него се гледаат највеќе изолационите својства на одредена дебелина на стиропор  и тие разлики на температури.колку саати ќе држи одредена температура и слично.....
незнам што те буни, кој се баби а кој се жаби за тебе.ако знаеш подобар пример за компарација пиши,ќе дискутираме.
и кога пишав за примерот со фрижидерот мислев дека ние во домовите немаме потреба од константна изолација,освен зима и лето,неколку месеци,како што е примерот со фрижидерот.
ако фрижидерот со константна потреба(од 1 год) за изолација има максимум 5 см изолација што толку потреба имаме во домовите да ставаме 15 см изолација за неколку месеци потребна изолација?
во таа насока размислував.

со која математичка формула се дојде до просечна дебелина на стиропор од 15 см за македонскиве простори?

сите знаеме дека што повеќе да ставиш тоа е подобро но која е задоволителната дебелина на стиропор и со која килажа.












прво иосновно тоа што е во фрижидерот, воопшто не е стиропор, иако по малку наликува на него... а не е ни тврдо пресован тервол... не ми текнува името за него како беше, ама е ужасно скап материјал... премногу скап за да се тури на куќа на пример...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2916 на: 17 Октомври 2014, 07:44:12 am »
второ и основно, разликата меѓу температурата во внатрешноста на фрижидерот и собната температура е... колку? 20-тина степени? Од друга страна, разликата меѓу собната температура и надвор љута зима може да биде многу повеќе од тоа.

Отсутен TRPEE

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1542
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2917 на: 17 Октомври 2014, 08:45:08 am »
Башка на фрижидерот не би било практично да стават 10см изолација. :)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2918 на: 17 Октомври 2014, 09:37:00 am »
со која математичка формула се дојде до просечна дебелина на стиропор од 15 см за македонскиве простори?

сите знаеме дека што повеќе да ставиш тоа е подобро но која е задоволителната дебелина на стиропор и со која килажа.
Те разбирам, без разлика на шегата за компарацијата.  :)
Види, тоа колку минимум дебелина на стиропор е потребна за нашава клима мислам дека е многу релативно прашање. Јас на работата гледам од аспект на добивката на изолација наспрема вложените пари.
Значи ако во однос на целата цена на коштање на фасадата, употреба на подебел стирпор ми е релативно мала ставка -тогаш за мене е исплатливо да употребам подебел стирпор.




Да не знаеш можеби која цена би дошла, за нарачка од некои 200м2 (можеби до 250м2)?
Од 14 или 15см дебелина.

Имаш фабрика во Скопје, какво Косово, какве п.м :)
Фабриката е карши Охис, накај Пинтија. Мислам дека беше хрватско претставништво, лелеее да ме утепаш не ми текнува името на фирмата. Си порачуваш што сакаш и како сакаш и ти прават.
Да не знаеш можеби која цена би дошла, за нарачка од некои 200м2 (можеби до 250м2)?
Од 14 или 15см дебелина.
Kje ti pratam vo PP, broj coekot vo Skopje, imaat sklad i od Kosovo nosat za 2 dena.
Правев муабет со мајсторите, во принцип некако не се одушевени од идејата да работат со 15+ см дебел стиропор. И јас кога ќе размислам и од ова што гледам кај нас, нема да е лесно да се најдат типли од 25+см, материјали би иделе повеќе, се менува математиката повеќе од само цената на стиропорот.

Така да ќе останам со варијантата со 10см стиропор. Фала на сите за советите, и да не знае некој што квалитет е лепакот од Daxorol?

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2919 на: 17 Октомври 2014, 09:45:07 am »
второ и основно, разликата меѓу температурата во внатрешноста на фрижидерот и собната температура е... колку? 20-тина степени? Од друга страна, разликата меѓу собната температура и надвор љута зима може да биде многу повеќе од тоа.

Ako дома тебе температурата ти е +2 степени, да, толку ќе да е разликата.

Друга работа. Тоа со 15 цм стиропор е булшит.
Ај кажи ми на што ке ти личи прво куќата? Како ке ги опшиеш прозорите?

Тука некој во целава прикаска не ги согледува реално работите, а башка што стварно се забегува.
Разликата нема да ја осетиш и да ставиш метар стиропор, а не ги блиндираш прозорите.

Кажуваш 15 цм стирпор.
Тоа не е фасада, тоа е зид. За него не се користат типли како за класична фасада него посебни спојки.
Доколку сакаш да ставаш изолација поголема од 8цм, за која сметам дека е максимумот, треба да си направиш и посебен план за изградба.
Реално кога се опшива прозорот нема можност за ставање на подебел стиропор од 2 цм, нели? И како најкритично место, тоа се остава со најмалку изолација. И сега?

Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2920 на: 17 Октомври 2014, 10:05:22 am »
второ и основно, разликата меѓу температурата во внатрешноста на фрижидерот и собната температура е... колку? 20-тина степени? Од друга страна, разликата меѓу собната температура и надвор љута зима може да биде многу повеќе од тоа.

Ako дома тебе температурата ти е +2 степени, да, толку ќе да е разликата.

Чек малце... нели у фрижидер температурата е 3 до 7 степени некаде, така? +20 = 23-27 степени. Собна температура. Не?

Не ме разбирај погрешно, не ти спорам за другово што го велиш.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2921 на: 17 Октомври 2014, 10:15:55 am »
Во мојот фрижидер има и коморче, тоа лади на -х степени.
Ајде нека не е комора, ама под фрижидер се подразбира и тоа, која лади на -18 и помалку. Значи -20, -22.
Во коморчето има температура под -5, минимум...
Или фрижидерот може да е комбиниран, значи комора која лади на -18 и нормален фрижидер кој лади на +4 најчесто.
Дебелината на зидовите на изполацијата е идентична.

Тоа беше муабетот на Маци.
Значи имаш разлика во температура од повеќе од 35 степени.
;)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2922 на: 17 Октомври 2014, 10:21:33 am »
Кажуваш 15 цм стирпор.
Тоа не е фасада, тоа е зид. За него не се користат типли како за класична фасада него посебни спојки.
Доколку сакаш да ставаш изолација поголема од 8цм, за која сметам дека е максимумот, треба да си направиш и посебен план за изградба.
Реално кога се опшива прозорот нема можност за ставање на подебел стиропор од 2 цм, нели? И како најкритично место, тоа се остава со најмалку изолација. И сега?
Реално треба и планирање на објектот претходно, плус и проблем е што мајсторите немаат искуство во работа со толку дебели блокови од стиропор. Проблеми од некој вид секако би имало, прашањето е само колку и какви.
Реално гледано најверојатно нема голема потреба од таква изолација, освен желбата да се добие некој бест-бај момент со најповолен однос на вложени пари наспроти добиена излација. Мислам дека разликата во цената на дебелините на стирпорот е станата релативно мала, но сите други моменти засега се против употреба на стиропор подебел од 10см.
Наспроти се, мислам дека во иднина 15см полека ќе станат стандард -како што пополека ќе се менуваат работите (како достапност на разни материјали кои во развиените ЕУ земји веќе со години масовно се користат) и како што мајсторите ќе се здобиваат со повеќе искуство во работата со такви материјали. Така беше и порано кога масовно се ставаше 5см стиропор, а сега стандард е 8см а и 10см се повеќе се употребува.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2923 на: 17 Октомври 2014, 10:35:02 am »
На времето не се користеше стиропор.
На времето се правеа баракиили како сува градба или пак тврда градба односно сипорекс, сега познат под името Ytong.
Од изолација имаа само фасада-абриб (премаз како искречено), денеска позната под името Демит или Акрилна или што ти ја знам, која може да се пере. Значи јас живеев во барака од сипорекс од 15цм дебелина, со стари прозори, дрвени, без грам стиропор и изолација. Во бараката никогаш не ми се појавила ниту влага, ниту буѓа, ниту пак некогаш ми било ладно. Секогаш со две термопечки се грееле околу 65 квадрати и увек било топло, и на -25, зими кои ги памтам јас.

Денес се измислуваат еден куп изолации, нова дограма, вакви градежни материјали, онакви градежни материјали И пак се продаваат муда за бубрези и прикасни еден куп за толку дебел стиропор волку цм итн итн...
Ај полека малку, реално гледајте, мала разлика во цена за цм стиропор, а многу мала разлика во вложено добиено.
Разберете дека 90% е бизнис и маркетинг.
На конкретни прашања истите тие експерти со одговорите кружат како киша око крагујевца или пак кажуваат некој екстремни услови и некој екстремни испитувања и полемизираат, па можеш да стекнеш впечаток ако немаш основно завршено дека се некој научници...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен tigar2012

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 63
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2924 на: 17 Октомври 2014, 12:09:36 pm »
Еве неколку информации за дебелината на фасадата од Србија која што ја препорачуваат Кнауф и Аустротерм врз база на правилникот донесен во Р. Србија.
http://www.austrotherm.rs/upload/download/optimalna_debljina_fasadne_termoizolacije_2013_screen.pdf
http://www.knaufinsulation.rs/sites/rs.knaufinsulation.com/files/Tabela-primene-mart-2014.pdf

Можете после да споредите и со Македонскиот правилник за ЕЕ на објекти (на страна 52 ги има вредностите)
http://www.energetskaefikasnost.mf.edu.mk/doc/podzakonski_akti/pravilnik_energetski_karakter_zgradi.pdf

Откако ќе ги споредите, може да дискутираме за колку би било оптимално кај нас, дали 5цм ги задоволува овие норми?
Нормално доколку имаш Ytong и имаш 5см би биле доволни за да се постигне ефектот од правилникот, но доколку имаш обичен блок тешко со 5см...
Seat Ibiza 1.4 16v 55kw