Автор Тема: ЕКО куќи  (Прочитано 1588644 пати)

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1319
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2790 на: 24 Јуни 2014, 13:42:36 pm »
фасадни стиропор и стиропор(за внатрешни зидови) нема некоја разлика.17 грамски и 12 грамски
форд фиеста 1,4 тдци

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2791 на: 24 Јуни 2014, 13:44:23 pm »
Земи, повеќе килски. Од очигледни причини. 30кг

Отсутен DejzY

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1004
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2792 на: 24 Јуни 2014, 14:18:50 pm »
Влатко а зошто не стиропор за изолација на ѕид од внатрешна страна? Јас другава недела ќе ставам изолација на внатрешен ѕид и планирав да биди со стиропор. Површината е мала и не ми менува многу цената, па кој материјал го прпорачувате? Стиропор, стиродур или нешто друго

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4042
  • MadaFunker
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2793 на: 24 Јуни 2014, 14:21:38 pm »
Јас во станот на собите што ми беа на надворешна страна и кај што имам комшии им ставив лепак/стиропор/мрежа/глет. Демек изолација, незнам зошто не би ставал..Влатко?
New blood of old school

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1319
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2794 на: 24 Јуни 2014, 14:26:59 pm »
Во соби каде што се живее од внатрешна страна никако од белиот стиропор,само стиродур можеш да користиш,а плочата можеш од долна страна слободно со стрипопор да ја изолираш.
може да ми образложиш зошто НЕ од белиот стиропор на внатрешните зидови а ДА за под монти плоча?
и зошто ДА стиродур на внатрешни зидови?

јас па мислев дека стиродур е само за на бетонските делови и доле под кошулица.
форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6220
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2795 на: 24 Јуни 2014, 15:22:43 pm »
Стиродурот има многу поголема топлинска изолација од стиропорот,на пример 2цм стиродур е нешто слично како 4цм стиропор ова трескам незнам точно колкава е разликата ама разлика има,белиот бил штетен да се вградува во соба каде што се живее и не се препоралува да се става ама ако сакате ставете тоа е ваш избор,кај мене прават зграда приватњаци и баш ги прашував вика не е препорачливо иначе и ние ќе стававме поефтин е дупло скоро стиропорот.

Отсутен Alfista

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1492
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2796 на: 24 Јуни 2014, 15:30:13 pm »
Стиродурот има многу поголема топлинска изолација од стиропорот,на пример 2цм стиродур е нешто слично како 4цм стиропор ова трескам незнам точно колкава е разликата ама разлика има,белиот бил штетен да се вградува во соба каде што се живее и не се препоралува да се става ама ако сакате ставете тоа е ваш избор,кај мене прават зграда приватњаци и баш ги прашував вика не е препорачливо иначе и ние ќе стававме поефтин е дупло скоро стиропорот.
Точно, разликата кај стиродурот е х 2 во однос на стиропорот.
Јас не би го вградил внатре, ради паронепропусливоста на стиропорот, а башка на него ако го израбицираш, неможеш
слика да обесиш на него камо ли нешто друго, башка е штетен по здравје.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5346
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2797 на: 24 Јуни 2014, 15:55:51 pm »
Интересно е како паропропусливостa често се споменува, но активната вентилација многу ретко. Новите технологии и материјали се вообичаено многу поефикасни во изолацијата, и паронепропусливи, во однос старите традиционални методи (керпич, дрвена столарија, итн) и активна вентилација на воздухот е потребна (сите згради по дифолт ја имаат).

Како и да е, јас планирам да употребам активна вентилација иако немам точна претстава како ќе ја изведам. Во моментов ова го читам:
http://forum.grasscity.com/grow-room-designsetup/594150-ventilation-faq.html  (предимезионирани вентилациони карактеристики, пошто аспектот е градинарски)
http://www.builditsolar.com/Projects/Cooling/passive_cooling.htm#ActiveVent 

Инаку интересен ресурс за разни направи сам работи, од различни аспекти:
http://ecorenovator.org/forum/
« Последно менување: 24 Јуни 2014, 16:28:18 pm Van »

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5728
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2798 на: 24 Јуни 2014, 22:06:59 pm »
a koja fasada... abrib ili demit...  ???

stiropor od nadvor i vnatre so toa sto siroporot da e pod gips karton ..  ;)

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1319
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2799 на: 25 Јуни 2014, 07:34:21 am »
стиропорот бил штетен за внатре,дајте линк каде да го прочитам тоа или копирајте текст.

дали може внатрешни зидови на цигла директно да се стави лепак,мрежа и глет маса?

стиродурот не е штетен за внатре?
форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6204
  • 69
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2800 на: 25 Јуни 2014, 08:06:41 am »
Може.
Само незнам која ти е логиката да ставаш лепак и мрежа, кога за поефтино можеш да ги малтерисаш зидовите и да си ги изглетуваш...
+ лепакот има во која дебелина максимум можеш да го нанесеш. Составот на лепакот и малтерот не е ист...
Инаку на споеви и ваму таму се става мрежа за да не пука малтерот...
Има и машински малтер, кој со помош на машина се нанесува...Одлична варијанта!
Само се зависи од малтерот.
Поздрав
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Alfista

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1492
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2801 на: 25 Јуни 2014, 08:50:47 am »
Од Ригипс постои рачен малтер во пакување од 25 кг. кој што пополнува неравнини од 6-30 мм. со тоа што
ако се нанесе квалитетно и се иструга, нема потреба од глет маса.
Малтерот го има кај нас во магацин и се вика Римано.

Отсутен nekojtamu

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1165
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2802 на: 25 Јуни 2014, 09:44:16 am »
стиропорот бил штетен за внатре,дајте линк каде да го прочитам тоа или копирајте текст.

дали може внатрешни зидови на цигла директно да се стави лепак,мрежа и глет маса?

стиродурот не е штетен за внатре?
Може да ставиш и слободно стави.

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5728
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2803 на: 25 Јуни 2014, 10:25:36 am »
a koja fasada... abrib ili demit...  ???

stiropor od nadvor i vnatre so toa sto siroporot da e pod gips karton ..  ;)

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11810
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2804 на: 25 Јуни 2014, 14:20:03 pm »
Нуме - Демит е тип (систем) на фасада, а абриб е материјал кој се користи за финиш на фасада .

Шо те интересира сега?