Автор Тема: ЕКО куќи  (Прочитано 1588722 пати)

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11811
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2760 на: 12 Јуни 2014, 21:55:55 pm »
Бамбус имаме на работа. После 7-8 години користење парче е направен под столиците. Многу лесно се оштетува и црнее.

Иначе сакав да ви кажам некои работи за подови:

- ни под разно да не гледате да се лепи подот со подлогата. Да биди пливачки под.
- кој што ќе оди на дрво, ни под разно да не го лакира. Лакирање значи дека го убиваш дрвото во секој поглед.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2761 на: 12 Јуни 2014, 22:27:40 pm »
Само да се намасти, без лак? Бамбусот ако не го лакиравте колку часа мислиш дека ќе издржеше :)

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6220
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2762 на: 12 Јуни 2014, 22:55:48 pm »
Гледав некој опции за восоцирање и заштита со некој уљиња,подобро ли е така?

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11811
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2763 на: 12 Јуни 2014, 23:14:41 pm »
Масло (оље по скопски) за подови. Тоа се вика импреграција.
Ако сакате висок сјај како лак, тогаш восок.

Природна работа, многу подобро изгледа и го заштитува дрвото.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6204
  • 69
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2764 на: 12 Јуни 2014, 23:15:01 pm »
 Уље никако!!! После некое време уљето ги менува својствата. А ако ја смени pH вредноста накај киселина, ондак е лошо за дрвото...
Восок, незнам...
Инаку во право е 8-ца, ама донекаде. Пошто без лак, дрвото има да се направи г. и л. за неколку дена, муабетот на Deni...
Не сме у 12 век кога се правеле подови само од дрво без никаков премаз, без никаква заштита.
А за пливачки под е 100% во право. Мојот патос е пливачки. Нема ковано шајки на даската, но има на држачите :)

Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11811
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2765 на: 13 Јуни 2014, 09:57:00 am »
Не сме во 12 век, ама па не сме ни во 19.

Масло и восок не се од домашно производство, туку производи за таква намена.

Имаме на работа премиум подови кои коштаат мнооогу пари, строго е напоменато дека само со масло и восок. Никако лак.
Таа германката ќе не истепаше кога и спомнавме лак.

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1319
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2766 на: 13 Јуни 2014, 10:25:47 am »
прашање до поискусните:
ме интересира дали под вентилирачкиот кров кога ке се стави фолија-мембрана(паропропуслива водонепропуслива) со тек  на време од струењето на воздухот под ќерамидата да се наполнат дупчињата со микро прашина и дојде до нивно затнување.
автоматски ја губи улогата за која е наменета,зборам за фолијата или мембраната.
и така со наталожена микро прашина која ги затнала малите дупчиња би имала во иднина појава на влага,роса?

форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен Alfista

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1492
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2767 на: 13 Јуни 2014, 11:07:29 am »
прашање до поискусните:
ме интересира дали под вентилирачкиот кров кога ке се стави фолија-мембрана(паропропуслива водонепропуслива) со тек  на време од струењето на воздухот под ќерамидата да се наполнат дупчињата со микро прашина и дојде до нивно затнување.
автоматски ја губи улогата за која е наменета,зборам за фолијата или мембраната.
и така со наталожена микро прашина која ги затнала малите дупчиња би имала во иднина појава на влага,роса?


Држи муабетов, за малите дупчиња на паропропусната, водонепропусна фолија, ама сепак нема до толку да се
затне пошто има вентилација, сеедно таа трае највеќе 10 години. (Ова од памет го извадив).

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1319
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2768 на: 13 Јуни 2014, 11:12:09 am »
епа баш поради вентилацијата,која кога ќе дувне ветер со некоја прашина или самиот воздух си има прашина во себе ке ги наталожи по целата фолија....со тек на време.
ова ми текна од кога се качив на кров и видов што прашина има навлезено под ќерамидите.
« Последно менување: 13 Јуни 2014, 11:28:43 am maci »
форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен aleksandarbt

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 819
  • Opel zafira 2.0 125 kw
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2769 на: 13 Јуни 2014, 18:11:23 pm »
Не сме во 12 век, ама па не сме ни во 19.

Масло и восок не се од домашно производство, туку производи за таква намена.

Имаме на работа премиум подови кои коштаат мнооогу пари, строго е напоменато дека само со масло и восок. Никако лак.
Таа германката ќе не истепаше кога и спомнавме лак.

Vo pravo si za vosokot.Imam videno drvo zastiteno so vosok i e nesto nevideno.Skapa tehnika e i na golema kvadratura ke bidi golem tovar.Slicno se premackani i ikonite vo crkvite pa izdrzale i pred 12 vek.

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7217
  • French diamond
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2770 на: 13 Јуни 2014, 22:03:53 pm »
Еве ги вратите комплет средени




Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7230
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2772 на: 18 Јуни 2014, 11:47:23 am »
Дали некој знае како да ги избркам/уништам црвите во дрвени скали?

Пробав со керозин ама сеуште грицкаат, се слуша навечер, а ако подолго време нема двишење во куќата наоѓам купче пилевина на долното скалило.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2773 на: 18 Јуни 2014, 12:04:03 pm »
Многу жален одговор следува. И не се црви туку се термити.

Отсутен Alfista

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1492
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2774 на: 18 Јуни 2014, 12:19:56 pm »
Дали некој знае како да ги избркам/уништам црвите во дрвени скали?

Пробав со керозин ама сеуште грицкаат, се слуша навечер, а ако подолго време нема двишење во куќата наоѓам купче пилевина на долното скалило.
Се налеваат со Фентин во спреј, па се затвараат дупките со восок, за да не испари Фентинот, и за два дена ги решаваш.
Фентинот е производ на Белинка Словенија,