Многу интересна тема, почнав да ја читам ама не наидов на она што ме интересира па ај да прашам.
Во блиска иднина планирам да ставам пвц прозори, е сеа се мислам да ставам 6 коморни од трокал, зет ми стави вакви и презадоволен е од звучна и топлотна изолација. Е сеа наидов на многу коментари дека тие не биле исплатливи кај нас немало потреба од толку комори пошто немаме толку променлива клима студени зими, за кај нас дека најдобра опција биле 5 коморни со 3 дихтона(ова дихтон колку шо разбрав гумица било) ова ми го кажуваше еден мајстор што работи сам со ова, и ок му викам трокал не прави со 5 коморни, пошто нели тие германски се, и ми вика као што дека германски ко у бугарија се произведуваат, и као многу лош квалитет имале, т.е материјалот бил нискобуџетен а начинот на изработка германски патент. Што викате вие за ова, класично мрчење како и секој мајстор за да привлече кај него муштерии или има вистина?