Браво бе Дени бе! Каков интелекс значи.
Ај сега пресметај кога ќе има во собата 11 степени:
- во кој период од годината
- која оринетиација треба да ја има собата
- со колку луѓе внатре
- колкава квадратура треба да биди собата
Колку јас што се сеќавам од термодинамика, ниту еден од овие горенаведени фактори нема примарна улога во процесот на кондензација.
Кондензација настанува на површини кои имаат температура пониска од точката на кондензација. А таа директно зависи од температурата на воздухот и неговата релативна влажност.
Значи, за воздух со одредена температура и релативна влажност постои „точка на роса“ или температура на кондензација при која воздухот повеќе не може да ја држи влагата и таа поцнува да кондензира врз површината која има пониска температура од точката на кондензација. На сите други површини со повисока температура кондензација не настанува.
Колку е повисока релативната влажност толку точката на конденцација се доближува до температурата на воздухот и при 100% РН кондензација настанува при иста температура.
Во пракса таа точка се одредува од дијаграми и таблици. Постојат и формули но ниту некој ги користи ниту пак се значајно поточни.


Во контекст на разговорот за прозорите, кај ПВЦ дограмата секогаш кондензираат само стаклата, кај Алу кондензацијата се јавува прво на профилот. Оттука може да се заклучи за топлопропустливоста на самите материјали.
Реален пример: Кога внатрешната температура на воздухот е 24 С, а релативната влажност на внатрешниот воздух е 45%, тогаш кондензација се јавува на 11 С, но 11 С не на воздухот туку на површините кои ги опфака тој воздух.