Автор Тема: ЕКО куќи  (Прочитано 1740115 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1770 на: 12 Септември 2013, 14:16:38 pm »
Смее ли куќа да направи на местото или не? Другото е небитно.

Отсутен anidlort

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 12
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1771 на: 12 Септември 2013, 14:46:20 pm »
Само што се чув со фирма која продава соларни решенија, викаат дека не постои таков закон.. Значи јас нема да је препродавам струјата, туку ќе си ја користам струјата за мене... А ако ме лажат и овој закон е вистина, што ќе дознаам наскоро, се селам во Индија :)

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1772 на: 12 Септември 2013, 14:53:02 pm »
Има едно говедо на форумов работи у ЕВН, ќе те информира благовремено во текот на денот околу оваа информација..

Отсутен anidlort

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 12
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1773 на: 12 Септември 2013, 14:58:55 pm »
Плус правиш пресметка колку струја ќе трошиш, фирмата која ги продава панелите ти пресметува колку ќе ти требаат..
Друго прашање исто, за приклучок на ЕВН колку пари ти требаат, ако бандерата поминува до тебе?

Отсутен anidlort

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 12
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1774 на: 12 Септември 2013, 15:07:25 pm »
Смее ли куќа да направи на местото или не? Другото е небитно.
Па да де, тоа прво сакам да дознаам, дали во Македонија може да се легализира cob house и ако не како може да го изведеш тоа?
Дали ќе имаш проблем ако е диво градба?
Но како и сите со кои почнуваме да збориме за нашата идеја во Македонија, прво песимистички не обезхрабруваат, као тоа што го сакаме да го направиме е нешто најчудно и неизводливо, а цели села има на таков начин изградени во светов... Зошто морам да сум зависна од системот, кога имам природна енергија околу мене што можам да ја искористам..Плус нема да живеам во град, одам надвор од градот, баш поради таа причина, сам со себе и природата...

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1775 на: 12 Септември 2013, 15:11:10 pm »
Ооо добре дојде комшике од Добри Дол :) Каде поточно е локацијата? Ја сум втората викендичка од големиот ѕид со камења. Ако е тука - нема вода, бадијала бунар ќе копаш. Ако си под патот или од другата страна на брдото (патот накај раскрсницата со Марков манастир) има вода, но жичката стално се поместува. Бандери со струја има, а 2015 е предвиден проектот Патишка река, па се очекува вода во доволни количини. Соларни панели и ветерници стави си слободно, како и генератор на струја доколку ти е потребен. Земјата е глинеста и варовничка - зависи во кој дел си. Ветер има на сртот наречен Осоец. Друго... не ми текнува, прашај конкретно што те интересира, 18 год. го имам местото, а викендичката од годинава. Поздрав!

Отсутен anidlort

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 12
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1776 на: 12 Септември 2013, 15:17:32 pm »
Добро те најдов комшија ..  :)  :D
Плацот е карши бачилото што е на излез од Добри Дол..
Овој месец ќе викнеме човек да измери дали има вода и на колку метри... Се надевам дека ќе најдеме вода, макар и 50/60м да треба да копаме...

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1777 на: 12 Септември 2013, 15:20:35 pm »
Таму може да има вода. Околу 35 евра ти е метар копање... Извини, а тоа е после мостето од десна страна нагоре (кај што има веќе две нови куќи изградено? Илија се вика бившиот сопственик на местото? 

Отсутен anidlort

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 12
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1778 на: 12 Септември 2013, 15:24:29 pm »
Околу нас нема ниедна куќа, има пред некои куќи, а после плацот нема куќи... Значи само бачилото ако си го видел каде е, едиствени комшии се :) Од лева страна на патот се фаќа, накај Солунска Глава гледа...

Отсутен anidlort

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 12
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1779 на: 12 Септември 2013, 15:27:46 pm »
И да појаснам уште не сме го купиле имотот, треба да се решиме овие неколку дена, затоа треба да реагираме брзо, дали може сонот наш да се оствари во нашава ни мила земјичка... Моментално живееме во Ракотинци под кирија, се преродивме одкога се преселивме таму.. Но куќата е под кирија и за привремено е супер...

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1780 на: 12 Септември 2013, 15:35:37 pm »
Скопска Црна Гора има убави плацеви, вода скоро сегде + канализација+водовод, за ветар послабо...

Отсутен anidlort

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 12
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1781 на: 12 Септември 2013, 15:39:17 pm »
Да Скопска Црна Гора е прекрасна, но до таму да стигнеш знаеме од каде треба да се помине, плус сите убави села се населени од Албанци (немам проблем јас против нив) но ме разбирате што сакам да кажам..
Плус Добри Дол ни е перфектно затоа што е на 15км од градот, и до работата со која се бавиме имаме само два семафора за да стигнеме до таму :)

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1782 на: 12 Септември 2013, 19:34:49 pm »
Мислам дека знам каде е... заграден е плацот? Околу декар беше? Од карши има фотеља на плацот бордо боја? :) Имаше табла забрането фрлање на шут ;) Одлично место, го гледавме и ние за едни пријатели - идеално за тоа што го посакуваш! Мислам дека нема да имаш проблеми, зашто мене никој не ми бараше согласност за струја и вода. Важно е да поставиш инсталација за струјата по пропис, а и градбата биде квалитетна и асеизмичка за да некоја фирма ти направи технички прием на објектот. После тоа добиваш Имотен лист и ако сакаш бркај си за струја, вода ионака таму НЕМА ;)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1783 на: 13 Септември 2013, 00:22:36 am »
И да појаснам уште не сме го купиле имотот, треба да се решиме овие неколку дена, затоа треба да реагираме брзо, дали може сонот наш да се оствари во нашава ни мила земјичка... Моментално живееме во Ракотинци под кирија, се преродивме одкога се преселивме таму.. Но куќата е под кирија и за привремено е супер...

сели се во индија одма, пошто за тој закон и јас знам дека постои. несмееш да произведуваш струја за сопствени потреби за домаќинство освен ако нема пристапен приклучок до тебе, а ти само што прочитав напиша дека има бандера со струја веднаш до вас, така да ако те пријави некој (а душебрижници има колку сакаш) ке пиете кривична...

во секој случај, на форумов членува извесен лик со никот ГОЈДО кој е инволвиран повеќе или помалку со струјонудачите во државава, па би требало да ги знае тие закони како точно гласат...

а фирмите што продаваат опрема за производство на еко струја ги знаатзаконите ама ги преќутуваат... како иначе ке продаваат?
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7477
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1784 на: 13 Септември 2013, 00:33:43 am »
Пред 5 може и повеќе години имаше презентирано на а1 тв, типот инвестирал ветерници, сончеви колектори и ред други работи мислам беа во вредност од 10.000е негде на водно.
Сметка за струја плаќа по 2-300ден а куќата па и не беше мала.