Тоалетот можеби е поубаво да се реши со длабока јама која е дислоцирана од бунарот за пиење вода.
Но како што реков дали предвидовте колкава енергија ќе може да произведе ветерницата на тоа место? Која јачина ја има наведената веретница!? Дали е тоа приближно доволно да ги напојува уредите? (Мое мислење е дека сигурно не)
За една куќа потребно е барем 10КW пик моќност, односно барем 1KW константна моќност. Системот ќе се дополни со генератор на нафта со 200л резервоар од 3КW кој ќе биде закопан 1-2 метри под земја од акустични причини. Така ќе бидете обезбедени за 40 часа под 3/4 потеретеност на генераторот, додека се врати струјата. Односно 80 часа при 1/4 оптеретување.
Дали имате претстава колкава е дневната потрошувачка која ќе ја имате, и колкаво е производството на електрична енергија од обновливи извори?
Реално, ќе треба да се заборави и било каква употреба на грејно тело од типот на фен, рерна, рингла, калорифер, пегла...