Автор Тема: ЕКО куќи  (Прочитано 1855529 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55336
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1470 на: 08 Февруари 2013, 09:09:00 am »
Немој да го одвраќате човекот од една од најдобрите инвестиции на светов.

Влага се трга со било која клима. Ако воопшто ја има, зошто огромни се шансите да ја нема.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11898
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1471 на: 08 Февруари 2013, 09:17:32 am »
Марјан ако мислиш да мењаш прозори, биди спремен на влага низ целиот стан.

Зошто да има влага?
Знаеш зошто се прави влага? И како можиш таа да ја отстраниш?

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3466
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1472 на: 08 Февруари 2013, 09:19:33 am »
Добро јас само го кажав искуството на комшијата на тетка ми во Аеродром. Човекот имаше едни прозори од коа е направена зградата и си ги смени прозорите и почна да му се појавува мувла по сите ѕидови.
Не е спорно дека тоа една добра инвестиција но тие згради немаат никаква изолација и затоа се јавува тој проблем. Коа ќе се сменат прозорите тие дихтуваат добро за разлика од праисториските од кои дува промаја од сегде но таа промаја ја спречува мувлата на ѕидовите.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7444
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1473 на: 08 Февруари 2013, 09:23:49 am »
За која намена ти се прозорите?
Затоа што голем дел од прозорите се исти. Голем промашај има во самиот ѕид. Тој обичено е фалш направен.

Ако сакаш средна цена - добар квалитет, барај ги Рехау или Саламандер.
Ако сакаш поквалитетно Алуминиум профили.
Ако сакаш уште подобро, пола Алуминиум - пола Дрво.

Прозорот ти е ист кај сите. Термопан стакло.
Тоа комори, ова она... к*р се треси во ладна вода.
90% трансферот на ладно/топло ти е заради лошиот ѕид. Прозорот е одличен било кој да го одбериш со термоизолационо стакло.

Подобри системи, со 3 слоја на стакла и со поголема профилација се потребни за несекојдневни ситуации.
Топла препорака и од мене.
Јасно.
Сибир или Дубаи.

Не би се сложил со Вас не се 3 слоја стакло само за Сибир и Дибаи, еве на Водно зграда за колктивно домувања ја изградија со Рехау профил и 3 слоја стакло, и да, прави разлика во изолација.

*Намалување на енергетските загуби на прозорецот со замена на стариот дрвен/пластичен  прозорец од 80 те години  (Uf = 1,9, Ug = 3,0) со прозорци од ГЕНЕО профили(Uf = 0,86, Ug = 0,5, големина на прозорец123 x 148 cm)

Кај 2 слојните прозори коефициентот Uf-рамка: 1,3 W/m2K, а Ug-стакло = 1,1.
Ова е за 5 коморен Рехау, рачунајте дека кај 4 коморните е уште поголем коефициентот.


Или што значи ова во пракса:
Доколку се ставени прозори со 5 комори и 2 стакла потребна енергија за греење, без менување на останати параметри (изолации итд.) само со промена на прозорите во 6 коморни со 3 стакла, се намалува за околу 16%.

Не е мала разлика ако се има во предвид дека ова е инвестиција која треба да трае наредните 20+ години. 
« Последно менување: 08 Февруари 2013, 09:36:27 am AUUU »

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11898
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1474 на: 08 Февруари 2013, 09:31:07 am »
@ Prcot.... Доста бе со тие муабет, комшијата на баба ми, во зграда од 1950.
Се знае колку треба да се остава прозор отворен со ПВЦ профили.

@Auuuu... разликата помеѓу 2 и 3 слоја на стакло е минимално. Додека разликата помеѓу ѕид без изолација и ѕид со добра изолација е огромна.
Така да подобро да вложам во подобар ѕид од колку да фрлам џабе пари за 3 слоја на стакло.

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3466
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1475 на: 08 Февруари 2013, 09:38:54 am »
Добро ја само кажав тоа што сум видел со свои очи. Можеби прозорите не биле стручно наместени.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7444
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1476 на: 08 Февруари 2013, 09:57:20 am »
Извини сега видов дека си пишал, додадов во мојот пост колку е разликата.

Се сложувам со тебе само во едно, а тоа е дека не вреди добар прозор без добра изолација и без изолирање на топлински мостови  (столбови, греди ....)! Апсолутно точно!

Според некоја пресметка, а некој веќе го пиша тоа на форумов, 5цм стиропор е премалце, мин. 8 или 10 цм.
Е тука и нема голема разлика во цена а се добива многу.

Поставувањето на самите прозорци е исто наука, 99,9% кај нас ги монтираат со пур-пена систем пљукни залепи, епа не е баш така. Секој што прочитал или отворил барем една книга од времето на комунизмот ќе види на скица колку треба да се посвети време и труд на изолацијата околу прозорите/вратите.

Сигурно сте приметиле колку е поладно на нозе кога стоите покрај ПВЦ врата во новите згради... баш поради лоша монтажа.

Еве и една скица на колку начина топлината влегува/излегува преку прозорите


Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6220
  • 69
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1477 на: 08 Февруари 2013, 10:01:42 am »
@Auuuu... разликата помеѓу 2 и 3 слоја на стакло е минимално. Додека разликата помеѓу ѕид без изолација и ѕид со добра изолација е огромна.
Така да подобро да вложам во подобар ѕид од колку да фрлам џабе пари за 3 слоја на стакло.


Aпсолутно точно.
+ треба да се земе во предвид дека крило со 3 стакла е за 50% потешко одколку тоа со две, а оковот кој се користи кај нас е најчкартниот. Следствено на тоа знак прашање на време е кога после монтажата прозорот ке почне да не ти се затвара добро, да ти виси, колку пати ке ги викаш мајсторите да ти го преподесуваат итн итн.
Јас не викам дека не е добро да се има стакло +, но во моментот мислам дека придобивките си минорни. И како што кажа 8-ца, подобро ке биде да инвестираш во фасада, односно изолација на надворешните ѕидови. Разликата во цена со стакло + јас би ја инвестирал во ролетни, и тоа во Алуминиумски полнети со пурпена.
Но секој со своето сфаќање, потреби, можности...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11898
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1478 на: 08 Февруари 2013, 10:03:47 am »
Auuu освен дебелина на стиропор битно е каков стиропор. Колкава тежина и кој состав го има.

А за монтирање на прозори, не сакаш да почнам да пишам. Ова што се дешава кај нас, е тежок простотилук.

Btw колкава е разликата во цена од 2 слојни до 3 слојни со повеќе комори прозори?

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11177
  • Ќybriт Pro Max
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1479 на: 08 Февруари 2013, 10:41:32 am »
@SaleSk фала за линкот и бројчето :)

@Prcot За првпат оваа година кај мене дома почна да се прави мувла по ивиците на надворешниот ѕид и прозорот. Го одложував зафатот колку можам, ставав некои облоги од гуми божем за подобро духтување ама  не е тоа решение. Прозори мора да се мењаат.

За изолација не се согласуваат комшиите, јас сум на втор кат, тој доле не се согласува.

Какви и да се прозорите ако се наместени добро ќе бидат подобри од 30 годишниве. Пред 2 години кога прашував, добив понуда за ПВЦ (не ми текнува сега фирмата) од 2600 евра. За дрвени словенски, 4500 евра. Тоа е малтене дупло.

Од 5-ти до 9-ти Март има саем на градежништво, па ќе видам после за изборот.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11898
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1480 на: 08 Февруари 2013, 11:16:04 am »
2600 € ??

Колкав стан, колку прозори ?
Ова е прескапо.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11177
  • Ќybriт Pro Max
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1481 на: 08 Февруари 2013, 11:42:43 am »
Станот не е голем, 63м2 ама има многу прозори и големи се. Пресметката е со лизгачка врата кон балкон, што веројатно нема да ја биде.

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6221
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1482 на: 08 Февруари 2013, 11:49:46 am »
само балконската врата гледај да не е цела од стакло,ако не е добро изведена конструкцијата на вратата ќе имаш проблеми со деформации

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15255
  • Пудингот на шоферството
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1483 на: 08 Февруари 2013, 11:50:51 am »
2600 € ??

Колкав стан, колку прозори ?
Ова е прескапо.
Шо е прескапо една влезна врата(убава) е над 700 евра.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11898
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1484 на: 08 Февруари 2013, 11:57:18 am »
Да де, влезна. Блиндор, дрво ова она..

Ова се прозори.

Мене за стан 60м2 со вкупно 7 големи прозори и една врата нормална (не лизгачка) ме фати околу 1200 -1300€ рехау.