Koj будала бе у зима луфтира 3-4 пати на ден 
немора 3-4,ама насабајле е убаво да влезе свеж воздух.исто и пред спиење е добро брзо луфтирање.еве ти ги 2 пати.
ако е потопло 2-3 пати во текот на денот.
ај прочитај тука што пишале будалите 
Радон – втор причинител за рак на бели дробови
Радонот е втор причинител на ракот на белите дробови и е одговорен за 3% до14% од случаите на белодробниот карцином. Ова е објавено од страна на Светската здравствена организација (СЗО), во студијата за влијанието на радонот на човековото здравје. Поради ова, СЗО драстично ја намалила дозволената количина на радон во стамбените згради, објавил Ројтерс.

Радонот е радиоактивен гас без боја, мирис и вкус. Настанува при распаѓање на ураниумот и може да се вовлече во домовите низ пукнатините во темелите или во подрумите на зградите, преку одводите.
Према најновите истражувања спроведени во Европа, Северна Америка и Азија, радонот е втор по ред причинител на ракот на белите дробови, веднаш после пушењето. Ова се наведува во упатството на СЗО издадено на 22 септември 2009 година. Во изработката на студијата за влијанието на радонот врз здравјето на човекот учествувале повеќе од 100 научници.
Радонот е, исто така, најчест причинител за рак на бели дробови кај непушачите. Изложеноста на радон значително ја зголемува опасноста од рак на бели дробови кај бившите пушачи.
Најновата препорака на СЗО е да во становите се дозволат најмногу 100 бекерели радон по кубен метар, што е за 10 пати помалку од препорачаниот максимум од 1000 бекерели по кубен метар, кој се применува од 1996 – та година.
Доколку некоја земја неможе да го испочитува овој стандард, не би требало да се толерираат повеќе од 300 бекерели по кубен метар, бидејќи ризиците за заболување од рак на бели дробови се зголемуваат за 16% на секој додатни 100 бекерели.
Поголеми количини на радон се присутни во рудниците, подрумите и одделите за препработка на водата. Количината на радонот во стамбените згради може да се намали со релативно мали вложувања, односно со затворање на пукнатините во темелите на здрадите, на подовите и на зидовите, како и со подобра вентилација.
извор:
http://rak.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=1634:radon-pricinitel-za-rak&catid=395:preporaki-tretmani&Itemid=590http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=19B37659360A7A4693EC95D1B22B4CB1http://star.vest.com.mk/default.asp?id=159306&idg=8&idb=2518&rubrika=Makedonija