Фугирани се плочките во дневна, кујна, купатило и спална, ставени се лајсни по ивиците од истите плочки 7 цм (многу пипава работа), се чека на петле за оџак и опшивање на истиот (основен симбол за топол дом), доставени се плочки на скалите и завршни лајсни, среден е прагот на влезната врата, подготовка за цокле (абрихт у случајов) - се надевам дека ОБАВЕЗНО ќе има и еден ред плочки (30 цм) во улога на цокле од задната страна што гледа према шумата пред се заради изглед, а и хидроизолација, пресован стиропор 2 цм и абрихт под настрешницата. Ова све треба да созрее, да се исуши до среда, па да се изврши изолација на таванот (со Тервол), преграден ѕид и врата, 3 цм пресован стиропор на калканите, а над терволот гипс картон, све со бандажирање и комплетно во бело да нема потреба ни од кречење, да се стават вратите, санитариите, ревизијата, тампонирање, купив словенечки тавански скали, па и нив ќе треба да ги монтирам и КОНЕЧНО за три дена плус еден ден тампонирањето - може да се вселам !!!
БРАВО за доследноста на ТЕКТУМ ИНЖЕНЕРИНГ, се надевам дека навремено и целосно ќе се реализира проектов према претходно утврдениот план !
Во припрема е албумот „Изградба на Еко Куќа за 100 дена во 100 слики“ кој ќе биде објавен на сите Македонски WEB портали со ексклузивитет, нормално, на
www.carclub.mk !!!
Еве Наде денес што документираше ...














