Да резимираме (потсетник и за Тектум Инженеринг): Треба да се бетонираат грпките (самарите или како ли ги викаат и да се замени - има една скршена) и притоа да се израмни врвот на оџакот со 10 цм бетон за да може да го монтираат петлето (мајсторот рече дека го израмнил веројатно мислејќи дека нема да можам да се качам горе и проверам, ради кичмава - ама изгледа изумил дека идам кај Туран

)!
На лимарот му остана уште поклопец за водоводната шахта и предната вертикала од настрешницата.
Водоводџијата да ја направи најважната ревизија помеѓу куќата и кривината за накај јамата, да се достават 6m фи 100 канализациони цевки до јамата и обезбеди спојот со истата и да ги инсталира санитариите.
Електричарот треба на таванот да ги постави штекерите и прекидачите на гипс картонот (кога ќе ја постават тервол изолацијата, гипс картонот, бандажирање, 3 цм пресуван стиропор кај прозорите, лепење - да изгледаат како вистински соби БЕЛИ, да не мора да се кречи накнадно ...
Еден преграден ѕид горе со PVC врата, ламинат со ивични лаксни како и две PVC врати долу.
Да се дофугираат и надворешните плочки.
Абрихт (цокле) на фасадата долу и на задниот ѕид еден ред плочки 30цм како цокле.
Фасадата од страната кај брат ми (што е без прозори) не е еднакво исфарбана (у ствари ужасна е), иако е исушена - треба да се корегира т.е. исфарба повторно, фала Богу има боја!
Да се стави 2 цм пресован стиропор, мрежа, лепак и абрихт под настрешницата и покривање на гредата со каскада т.е. „вештачка“ греда со истиот материјал.
Да се достават уште две колони ѕидни плочки во кујната и „лајсни“ долу за истите, како и да се залепат плочки на прагот - подножјето само доле на прозорчето во кујната и да се стави ивична лајсна и(или) голема фуга.
Да се доископа околу јамата (од десната страна гледано од влезната порта нагоре накај куќата) за кабелот за струја до оградата.
Да се истампонира стазата од главниот пат долу до крајот на куќата т.е. до ревизијата за канализација која ја заборавија. Договорено е прво со крупен тампон црвен за да залепи убаво за таа земја и да не се растура (докажано кај комшијата), над него оди белиот тампон, а над белиот - ситен дробен асфалт (на најкритичниот дел т.е. од главниот пат до портата)! Асфалтот е гратис од Ѓоре, човекот што врши превоз на материјали од рудникот до плацот - и он го добил гратис
Ова е вкупно 4 дена работа, со Господ напред, планирано е да се почне (продолжи) во среда, па во сабота би требало да е све готово (во недела не работат). Доколку сметаат дека имаат малку време за да ги дозавршат работите, услови за работа на објектот има и може да започнат со истата на 03.12.2012 во понеделник!
Тавански скали купив словенски и договорено е да се монтираат во понеделник на 10.12.2012 год.
Во вторник пристигнува камин Алфаплам и дел од намештајот.
Во среда (среќно) свечено отварање со винце и печени костени (ако ми донесе Falanga

)!
ОСТВАРУВАМЕ !!! 