Мислам дека не се разбравте со 8-ца....Него зборот му беше зошто да се остава шуко на ѕидот, кога кабелот може комплетно да го нема воопшто, односно да се гледа само единицата на климата. Значи кабелот да биде покриен со единицата, односно да се врзе директно во дозна...Јас знам што сака да каже он.
Меѓутоа понекогаш е многу тешко да предвидиш, доколку сам ги средуваш работите, а не ти ги средува некој дизајнер или архитект со конечен проект, каде што да стои, и многу често доаѓа до промени...Во тој случај ке остане да се гледа само шукото, а во спротивно ке треба да ставиш капаче на дозната каде што ке остане кабелот...И јас кај мене оставив шукоа, перспективно некогаш кога во тие соби ке се монтираат клими...Онаму каде што ке ги има има оставено само кабелче...Односно ке се стави или шуко или ке се врзе директно, сеедно...Попрактично е со кабел бидејќи немораш да одиш до спратна табла и да ја гасиш климата на осигурач ако за тоа немаш потреба, но секако поубаво е да не се гледа ништо...А никој не спомна надвор ставање штекер
Е сега некогаш има и проблем за да се скријат комплетно и цевките иитн итн...На неколку места кај мене е тоа неизводливо бидејќи климата се мести на трегер, и првата дупка кај што може да се пикнат црева и цевки е на циглата под трегерот...Климата на пример не е возможно да се спушти толку доле бидејќи ке смета на прозорот. Се е прашање на технички изводлива ситуација

Се може да се одбегне па дури и тоа, но секако ако во трегерот се монтирала пластична цевка која ке служела за таа намена, а тоа требало да биде прецизно одредено до милиметар итн итн...Многу комплицирано...Или не

А инеку еве како изгледа едно средено културно табличе, и нормално како сите би требало да изгледаат

Направено у Германија:

Ова е кај мене дома...Секој кабел има број, а тој број е запишан и се знае за што е. Ова е малата табличка, а имам уште две

само што во моментот немам можност да ви покажам како изгледаат комплет средени...Тоа коа ке се вратам дома. А ова е и без завршниот капак. Само оваа слика ја имам у картица...Колку само да се види:

И еве како ги средив шуковците. На секое штрафче има окце. Не верувам дека некој од мајсториве прави окца и ги стега како што треба. Затоа и голем дел од шуковците ради лабилен контакт почнуваат да греат и да се топат.


Ако ве занимаат уште детали, не е проблем, ке објавам...
Имам во моментот детали на завршен објект во Германија

А имам и детали за рамните кровови на 8-ца и начинот како се тие тука заштитени од прокиснување итн итн...За жал немам слики, али ке се потрудам и за тоа да набавам па ке ги прикажам
