Јас живеам во куќа каде е вклучено светло на скали постојано (уште не е готов системот за автоматско палење на помошни светла), каде гореше 500w столна ламба во дневна пола ден екој ден. Каде во WC имаше 350w светло (кое уште стои ама се пали само кога се чисти или сервисира нешто).
500 денари како ништо е разликата. Затоа велам и до 800. Посебно зимно време кога горат сијалици по цел ден скоро (пошто е темно нели).
На местата каде што горат сијалици постојано (претсобје) имам ставено ЛЕД од 6W, за заштеда.
На долниот спрат исто се сменети сијалиците (на посебна сметка за струја е тој спрат) и заштедата е барем 200 денари месечно. Значи вкупно имаме 1000 денари од месец заштед во цела куќа. Можеби звучи малку - но се собира со тек на време.
ЦФЛ светлата се исклучиво во ТОПЛА боја, и ги земам за 140-170 денари парче, а ЛЕД сијалиците се нарачани и не се над 300денари парче. Затоа и брзо ги исплатив.
Нормално дека сум сериозен. Седнав лани удрив математика - дека не се трпи ова веќе и крај на програмата. Одлучивме што е најефикасно во поглед на сметка.