Фала на советите

После работа ќе му пристапам со сите сили на проектот „Ебате цевката ми го поплави купатилото синоќа“.
Инаку прашав тука во една санитариџилница и тој ми даде комплет црево (штуцна да се викало) и тој исто ме советуваше како и вие за местењето. Само гуми немало, а зависело од типот на цевката.
Ако успеам, частам на собир Натурана на растварање во пластични чашки

Едит: бидна работата, ја среди мајстор за 300 денари

Џиџи беше најблиску до точниот одговор. Пробав сам, штуцната неможеше да се извади воопшто пошто шољата има долг ауспух и беше блиску до ѕидот. Така да мораше да се вади шољата. А незнам со што ја лепеле доле мајсторите кога ја монтирале, пошто со кран требаше да ја тегнеме

Успат пукна и панцир цревото, па тука помогна на Јаре советот:
Хинт. Немој да правиш ништо во време коа не работат продавниците.
и тоа одма се поправи. Пол саат работа, тоа е
