Немора да има никаква изолација, ако подлогата е како што треба...
Еве на пример, кај мене во бараката, доле нема никаква изолација...Никад немало влага...Но принципот на кој била правена бил многу добро решен...На времето немало такви изолации и тн итн...
Но добро е да има...Ете како што реков...Кога ги ставав стопите ставив тер хартија, таа ке го штити од влага...
Но не заборавајте дека бетонот го држи влагата, се разбира до одреден степен...Прекумерна го распаѓа, но и ако нема влага ке се претвори во прашина...
Ипак мислам дека Џиџи кај тебе нема да има проблем...
Доколку сакаш таква хидро фолија да ставаш, ке морат да се поткопуваат стазите, а тоа не е за поздравување...Можеби како некое квази решение, ако те јаде јанза, околу стазите да се ископа канал, па потоа да се стави фолија колку толку надоле, па после да се избетонира како каналче итн итн...Но тоа ти викам неможе во целост да направи заштита..Обично за целосна заштита, целиот терен пред било каков зафат се постила со таква фолија, па после се работи се врз неа...
Такви работи се дешаваат на нови проекти, на објекти, згради итн итн...
Ипак ова е индивидуална куќа и нема потреба за паника...Барем јас така мислам

Евентуално пак ке речам само од едната односно од задната страна, онааа од кај што има веројатност да се слива водата...Толку само...
Инаку денес кај мене удрена третата и финална рака лакче...
Не сум се качил горе да не кревам прашини и да не предизвикувам циркулација на воздух ради прашина, мада се е веќе засушено...Како и да е, ке издржам до утре

Па ке абдејтирам со некоја слика
