Него да прашам нешто, дали е боље да биде поврзана чешмата у кујна со бојлерот од купатило или да си биде со посебен бојлер. Ја сакав со посебен нискомонтажен бојлер, имам и приклучок за струја-само не сум паметен која варијанта е боља за у викендица :/ Дајте предлози по можност со дообјаснување, предности и маани ...
Јас кај мене оставив цевка за да биде се централно, односно од еден централен бојлер...Меѓутоа тоа го оставив како решение за понатаму, кога ке ставам бојлер на соларна и кога ке има некое алтернативно решение освен струја за греење на водата...Не секогаш може да се деси да има топла вода во големиот бојлер, па да ти фали за садови..А и некогаш миејќи садови ке ја оладиш водата за бањање некому, ако останала во недоволна количина...
Ипак можам да речам дека мало кујнско бојлерче е добра варијанта...Брзо имаш топла вода, не е зависно од други потрошувачи. И сосема доволно за она што ке ти треба...
П.С.
Само треба да знаеш дека треба да имаш можност за испуштање на водата од целата инсталација...
Викендичка е, зимно време ке останува празна, незагреана...Шансите да замрзнат цевки и да направат беља се огромни. Затоа најдобро е да имаш шахтичка со испустен вентил, некаде на најниска точка, од каде што ке можеш да ја испушташ водата од инсталацијата. Шахтиче од кое ке си палиш и гасиш вода

.. Исто така не би ти препорачал поголем бојлер од 30 литра за бањање да речам. За да не го чекаш еден куп време за да се испразни инсталацијата...Со толку вода двајца може да се истушираат без никаков проблем, или пак евентуално бојлер на плин...

Добра варијанта е и тоа, размисли го...