Автор Тема: ЕКО куќи  (Прочитано 1852866 пати)

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #810 на: 20 Септември 2012, 23:53:37 pm »
Земавме 500 квадрата, па ќе дигаме едно куќиче. Само не знам дали гоинава ќе се стигне. Треба уште некои работи да се збркаат. Можда пролет да биде :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55336
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #811 на: 21 Септември 2012, 09:56:47 am »
Земавме 500 квадрата, па ќе дигаме едно куќиче. Само не знам дали гоинава ќе се стигне. Треба уште некои работи да се збркаат. Можда пролет да биде :)
Види го ти нејзе!

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1319
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #812 на: 21 Септември 2012, 13:45:50 pm »
еве нешто ефтино и интересно
многу слично на хот и хот,но мислам дека се подобри овие бидејќи имаат челични конструкции.
еве осмица нека каже повеќе за линковите

http://www.pazar3.mk/mk/Listing/Detail/Index/1051788?searchID=3518276&Idx=40
http://www.pazar3.mk/mk/Listing/Detail/Index/942350?searchID=1056007&Idx=156

« Последно менување: 21 Септември 2012, 14:19:29 pm maci »
форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #813 на: 21 Септември 2012, 14:44:48 pm »
Па и не е баш така ефтино како што изгледа :)

Те врзуваат со минимум 80м2 значи бетонскиот фундамент за куќа од 80м2 ќе те кошта плус минимум 2800 евра (цца 35 евра/м2). Значи 260 евра/м2 х 80м2 = 20800 евра+2800 евра=23600 евра или у превод слободно би си дал за право да заокружам на 25000 евра, зашто фундаментот ќе биде околу 110м2 за куќа од 80м2 (нето), плус тераса околу 20 м2 ... Башка ги виде ли ѕвездичките пред некои ставки?- не бадијала ја пишале и цената од 320 евра/м2 :D
 


Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11177
  • Ќybriт Pro Max
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #814 на: 21 Септември 2012, 16:00:16 pm »
Се уште многу поефтино од 1100-1300 еур/м² за стан :)

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7477
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #815 на: 21 Септември 2012, 17:24:39 pm »
Од куќа поубаво нема, да си имаш дворче зеленило, башка немаш станари да ти тропаат галама да ти прават раат си.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #816 на: 21 Септември 2012, 17:30:37 pm »
Се уште многу поефтино од 1100-1300 еур/м² за стан :)

E плацот вреди пари, а цената зависи од место-положбата . Ко што се нема работа у оваа скупотија, брзо ќе започне миграција град-село . И таа зграда коа би била у село, цената на станот по м2 би била околу 450 евра ...

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1489
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #817 на: 21 Септември 2012, 19:28:11 pm »
Јас би бил спремен да направам ваква куќа, по систем клуч на рака, ( особено таа втората варијанта ).
Да земеме дека 300 евра ке ме кошта квадрат.

Џиџи ти сеуште не ја знаш математиката колку би те коштала твојата куќа по квадрат ( или можда занеш не знам ) , а точната математика ќе биде кога наскоро ќе биде во фаза за живеење. Мислам дека нема далеку да отстапува цената.
Во тоа вклучи го и твојот бензин, твоето време, ангажман на твои блиски и подалечни. Вклучи ги и жалопојките на мајсторите, од стилот на купив стар трактор а жена ми нејќе да го вози :) Све тоа кошта....

Кај овие изведувачи ( сеуште не сум сретнал во МК 100 % проверен и сигурен ) не им се исплаќа помала квадратура, или секако, ако е помала квадратурата веројатно и цената би била повисока.

Првиот човек на балканов што ке направи фабрика за монтажни куќи како америчките, од 2 недели клуч на рака, ке се убие од добар бизнис. Се помалку луѓе сакаат да се ебаваат со мајстори, од различен тип, па добри или лоши, па погодени или не..... Ова би му дошло како стандардизирана работа, сакам кола, со 5 врати, клима и сонев кров - и добијаш за 2 недели.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #818 на: 21 Септември 2012, 19:41:46 pm »
Монтажни со нашиве земјотреси малце потешко :)

Иначе остави ги мајсторите нека ти ја градат куќата без да се замараш и после ќе добиеш 30% од тоа што си сакал, договорил и платил, ќе треба да доплатиш дека нешто наводно излегло како дополнителен трошок и ќе имаш дополнителни нервози, изгубен мерак и уште еден куп пари ако сакаш да стигнеш близу до тоа што си го замислил првично.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5729
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #819 на: 21 Септември 2012, 19:47:21 pm »
Монтажни со нашиве земјотреси малце потешко :)

 



:o roki montazna ima poveke fleksibilnost od beton i po nema da padne....

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #820 на: 21 Септември 2012, 20:03:59 pm »
@yarre

Хахаха 100% си у право!
Клуч на рака е единствената добитна комбинација у играта - изгради нов дом ;)
Математиката нормално дека сеуште не ја знам, ради што сум уште у фаза на градба. По моја проценка рачунај околу 330 евра по метар квадратен до КРАЈ на проектот. Како и да е, секогаш постои простор за договор со изведувачот, само НИКАКО намалување на квалитетот на градбата или импровизација на стандардите. У ценава се искалкулирани и моментите кои ги наведе погоре ;) Значи, од 280 евра/м2 - 330 евра/м2 (зборам за цврста, класична градба како кај мене за објект и инфра структура).
Овој (мојот) изведувач мора да го пофалам гради по желба на инвеститорот, како избор на површина, така и вградени материјали или екстра дополнителни желби :)
За две недели работа, мајсторите колку и да се трудат само ќе направат хаос, остават недовршени или неквалитетно завршени работи... Конкретно моиве мајстори морам да ги пофалам јавно, (а и самите вие гледате) дека работат ем турбо ем квалитетно, ем се фини и културни ем се стручни ем не замараат ... и за цца 65 работни дена (освен ако нема некои временски неприлики) објектот и све околу него е завршено!
Како што реков, кога ќе завршам комплетно со све, тогаш ќе ги изразам своите имресии, до тогаш може само да стискаме палци дека се ќе биде како што е договорено и дека нема да ме оптеретат со никакви додатни трошоци кои и да сакав не можев да ги предвидам  пред се заради тоа што не ги познавам градежните работи. Обично тоа го искористуваат и тука те фаќаат, а тоа највише ме нервира :@ Народот убаво рекол - КРАЈОТ ГО КРАСИ ДЕЛОТО !
Само за илустрација: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,3655.495.html
  

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4239
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #821 на: 21 Септември 2012, 20:41:29 pm »
Ние дома со мајстори живци изгубивме. Од грешно изведнеи работи, до 2 пати дупнати цефку у купатило од страна на гипсари, грдо  наместен ламинат  кој иако не беше купен од кај нив пробаа да ни го наплатат(зошто сите внатрешни работи една фирма ги изведуваше), после кога го лепеа паркетот, не излажаа дека ставиле 2 компонентен лепак но по одредено време почна да крцка па после расправии, карања и сл. самите си го одлепија и одново го лепеа со 2 компонентен лепак овој пат. Потоа мермерот ни го донесоа исечен се, ама ја згрешиле бојата, па и тоа враќање :D, за фасадата којзане како сметале ама над 1000евра пробаа да лапнат, среќа што не им доплативме се до крај па сега не сакаат да дојдат за премерување на фасада. Исто така и со градежните мајстори 100 проблеми. Уште кујна ни фали сега, ама сигурни сме дека и таа ќе ја згрешат па страв ни е да порачаме од што сме баксуз :D. Се на се од ова што го гледам кај тебе мерак ми е како оди се брзо, уредно и убаво кога ќе споредам со кај нас. Затоа клуч на рака системот, по договор со строго определени норми мислам дека е најубавото решение.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15255
  • Пудингот на шоферството
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #822 на: 21 Септември 2012, 21:24:34 pm »
Кога почнав да ја градам куќата направив математика колку ке ми побара фирма и колку ке ме кошта самиот да ја правам.Одлучив сам да ја правам и ме кошташе скоро исто(ни многу поскапо ни многу поевтино,ништо значително).
Е сеа,знам шо сум направил,знам каков материјал сум ставил,каде сум ставил и сл...
Некој ке рече,дека добра и сериозна фирма ке го завршела истото,но се сомневам дека ке го направеа онака како јас и тимот од мајстори го направија...

God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1319
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #823 на: 21 Септември 2012, 21:50:07 pm »
и јас како јаре би одел на варјанта клуч на рака,и тоа челична конструкција и зидовите без цигла,гипс картон,изолации,плочи што ти ја знам уште што.има сега еден куп нови матерјали кој се многу по звучно,тополотно ефикасни од класичен зид.
трослојно стакло и што повеќе изолација ова се подразбира за нова куќа.

и повеќе сакам куќа само приземје,не сум љубител на куќи со еден спрат.многу некако ме нервира одење по скали :)
80-85 м2 е сосема доволна квадратура за 4 члено семејство.мислам на спална,две детски,едно поголемо вц и едно помало,дневна со кујна.
форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1489
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #824 на: 21 Септември 2012, 22:59:42 pm »
Јас чекам да видам готова ситуација од типот што се нуди за клуч на рака. Немам ја живци да се тегавам со мајстори, па добри биле паланчани, па овој е топ, оној е штознам каков. Сакам испорбано решение, кое нема да зависи од мајстролукот, него од следење на процедура.