Јас би бил спремен да направам ваква куќа, по систем клуч на рака, ( особено таа втората варијанта ).
Да земеме дека 300 евра ке ме кошта квадрат.
Џиџи ти сеуште не ја знаш математиката колку би те коштала твојата куќа по квадрат ( или можда занеш не знам ) , а точната математика ќе биде кога наскоро ќе биде во фаза за живеење. Мислам дека нема далеку да отстапува цената.
Во тоа вклучи го и твојот бензин, твоето време, ангажман на твои блиски и подалечни. Вклучи ги и жалопојките на мајсторите, од стилот на купив стар трактор а жена ми нејќе да го вози

Све тоа кошта....
Кај овие изведувачи ( сеуште не сум сретнал во МК 100 % проверен и сигурен ) не им се исплаќа помала квадратура, или секако, ако е помала квадратурата веројатно и цената би била повисока.
Првиот човек на балканов што ке направи фабрика за монтажни куќи како америчките, од 2 недели клуч на рака, ке се убие од добар бизнис. Се помалку луѓе сакаат да се ебаваат со мајстори, од различен тип, па добри или лоши, па погодени или не..... Ова би му дошло како стандардизирана работа, сакам кола, со 5 врати, клима и сонев кров - и добијаш за 2 недели.