Браво Џиџи! Одлично напредува работата. Баш ми е мерак да се заврши што побрзо.
Супер е. Нека продолжат вака.
bw За арматурата не се секирајте, најмал проблем е наставување.

да имам.. уствари и немам, ке кажам заклучок... јас работам 12 години со парно... сегашниве згради се сегашни... сум работел и на оние постарите... затоа:
секој кога гради си тера по свое... парапет од 100 сантими е лудост според мене... 65-70 сантими е нај идеално... трепезарски маса не се става до прозор... до прозор се става работна маса...
и без да ме разбереш погрешно или да се навредиш... ама со вас архитектите, никогаш неможат да се разберат другите технички лица... кога нешто ке наумите така мора и да биде... во неколку случаеви ми се десило на крај архитектот да биде избркан од страна на газдата зашто буквално почна да шефува на сите кои работат на објектот... и тоа во точно 4 случаи му се деси на оној хомото александар, што го имаше по телевизии... ко ке запне за нешто така и така, а ти му викаш АБЕ НЕМОЖЕ ДА СЕ ИЗВЕДЕ ТАКА а он упорен... на крај се обраќамна инвеститорот, му ги нудам парите назат или барам да ми го отстрани од глава дотичниот самоизбран падар на објектот... и нај веројатно бидејки не сум прв, другиот ден или истото попладне него више го снемува од тука за сва времена...
бидејки си архитект... дали работиш и статика на објекти? јас сум у план да градам куќа и ми треба архитект за статика на објектот... ништо друго... за другото си знам што и како... јас ке си бидам мој архитект... ама за статика ми треба човек што ја разбира работата...
Јас нема да се навредам, ама немој и ти да се навредиш со следново.
Покрај сета почит на тоа што си работел и со толку време искуство, ама во текот на градење на еден објект главен човек е Архитектот. Тој е одговорен за проектот, изведба и надзор. Јас со тебе немам работно искуство и затоа не знам дали те бива или не. Искрено да ти кажам и мене ми е преку глава од лаици мајстори и од мајстори што се прават најпаметни.
За парапетот повторно гледам се фаќаш во дилеми. Зошто да не ставам трпезариска маса покрај прозор? Тоа е забрането или ти така мислиш?
Можно е што сакаш да ставиш под прозор. Добро викаш дека се става работна маса под прозор, ок. Дали знаеш колку е висина на работна маса? 75 - 80 см. И оооп ете ти го пак парапет 90 см.
Друга работа што е мноогу важен фактор при правење парапет, незнам како ми промакна.
Висината на парапетот е најбитна од сигурносни причини. Зошто?
Затоа што многу е полесно да се превртиш од прозор со 70 парапет, од колку со 90 - 100.
Една од главните причини за што оградите на тераси се прават со димензија 90 - 100 см.
Ова е еден од најбитните фактори при градење на објекти во Германија. Кај нив строго е наменато дека парапет и ограда на тераса мора да биди минимум 90 см. Некаде и 100 см.
На доста згради кои беа изградени со 90 парапет им беше забрането да се користат терасите или да си направат нови огради.
Посебно интересна приказна има за објектот Баухау во Десау.
http://farm4.staticflickr.com/3118/3133187029_9fa2e9e161.jpgОвие огради се 90 см високи. Според новиот закон за терасите да бидат 100см, овие мораа да се праправат. Ама пошто Баухаус е институција тоа не смееше да се случи. Решението беше просто. Пломби на вратите, нема да се користат.

Е сега за статиката.
Да, јас сум архитект. Покрај тоа што имаш 15 г. искуство со објекти не знаеш дека Архитект не прави статика. Тоа го прави Градежен Инженер.
А да ти одговорам на прашањето, да, имам фирма моја и правам статика. Не е проблем, што сакаш, кога сакаш ти стојам на располагање.
А тоа што ќе си бидиш сам архитект, со среќа нека ти биди. Дај боже да знаеш колку некој добар архитект или повеќе.
Исто така е нелегално да правиш објект без потпишан и заверен проект од архитект, во општина.