Автор Тема: ЕКО куќи  (Прочитано 1475925 пати)

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4995
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #9030 на: 15 Декември 2024, 16:53:54 pm »
Plastelinot od bizon ako imas pristap ubavo za starite dupki da gi zatvoris

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #9031 на: 20 Декември 2024, 23:30:00 pm »
Друга опција ти е на истите дупки, да ставиш за малку пошироки штрафови, ако може.
Не може заради отворот во шарката која има тесно тело. Освен тоа штрафот легнува во лежиште за да направи размак од пинот на шарката, поголем штраф нема да легне и ќе удира во пинот. Мора некако да се помести дупката за штрафовите.

edit
Plastelinot od bizon ako imas pristap ubavo za starite dupki da gi zatvoris
Кој лепак е тоа? Страв ми дека нема да држи таму со пар милиметри материјал. Вратата е тешка, тројца тешко ја местевме да легне на пиновите од шарките... Ама прават секакви лепаци денес, ќе се распрашам.

Ако пецнам тука со 2мм електрода, нема ваљда да го пробушам профилот па да направам шлајка наместо да пополнам дупчиња.   :)
Ќе повежбам летово на тенки профили.
« Последно менување: 21 Декември 2024, 00:45:52 am Van »

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #9032 на: 21 Декември 2024, 05:59:44 am »
Друга опција ти е на истите дупки, да ставиш за малку пошироки штрафови, ако може.
Не може заради отворот во шарката која има тесно тело. Освен тоа штрафот легнува во лежиште за да направи размак од пинот на шарката, поголем штраф нема да легне и ќе удира во пинот. Мора некако да се помести дупката за штрафовите.

edit
Plastelinot od bizon ako imas pristap ubavo za starite dupki da gi zatvoris
Кој лепак е тоа? Страв ми дека нема да држи таму со пар милиметри материјал. Вратата е тешка, тројца тешко ја местевме да легне на пиновите од шарките... Ама прават секакви лепаци денес, ќе се распрашам.

Ако пецнам тука со 2мм електрода, нема ваљда да го пробушам профилот па да направам шлајка наместо да пополнам дупчиња.   :)
Ќе повежбам летово на тенки профили.

Ке ставиш подолги штрафови, а претходно пробај да набиеш или монтираш типла како за намештај.
Ако ја исечеш пластиката за да дојдеш до профил, со два збора, мочај се веќе на таа врата. Прво ке го уништиш пластиќниот профил, а потоа и голема е веројатноста да не најдеш метален профил внатре, зошто е на сам крај од вратата. Обично мајсторите при изработка ставаат профили колку да стават и си ја олеснуваат работата со пократки за да не им смета при лепење.
Друга работа, и да не е така, да дојдеш до профилот, со пецнување на дупчето, од висока температура која се развива при варење, ке ја стопиш цела пластика или запалиш у најлош случај :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #9033 на: 21 Декември 2024, 14:28:46 pm »

Уфф... Значи беља е работава.

Значи ти предлагаш да направам голема дупка и да монтирам онаква метална типла со врежани нарези за машински штрафови. Не знам дали ќе најдам таква за мал штраф, таквите типли за намештај се за дупло поголеми штрафови. А голем штраф објаснив не може да се употреби заради отворот во шарката која има тесно тело. Целата пластика/држачот е ~15мм широк.

Еве фото каде подобро се гледа сето тоа. Практично пинот/држачот треба да дојде неколку милиметри полево и ниедна од работиве што ги предлагаме не се баш прикладни. Штрафовите требаше да ги сликам (до пролет не сакам ништо да дирам) ама не се баш големи. Многу помали од на пример 6-ка, вака од памтење 3-ка можеби 4-ка нарезни штрафови. Пластика/држачот долу е ~15мм широк.
Фала секако за советите.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #9034 на: 21 Декември 2024, 15:19:05 pm »
Знам добро како изгледаат. Со моите прозори во станот си играв неколку недели, ама се е за џабе кога од старт е се погрешно направено. Односно е само зашљакано. И пак ќе речам, не е битен профилот на прозорите, туку мајсторите кои ги изработуваат.
И Рехау да ти склопи некое дрво од мајстор, џабе е.
А мајстори веќе нема. Може во цела држава да се избројат на прсти и се презафатени па и преценети. А она другоно слободно можам да го наречам шљам кој нема апсолутно врска од животот а не па од мајсторлук.

И ако баш сакаш да си играш, единствено решение ти е да ја одштрафиш шарката, обележиш нови дупки, да избушиш со тенка бургија право и прецизно, а старите дупки да ги пополниш со некаков лепак. Има двокомпонентни лепила, има лепила за чамци, има еден куп програма за санација. И после да ја прешрафиш во новите дупчиња избушени со тенка бургија и подолг штраф. Вака од сликава делува како да треба околу 2 мм да ги мрднеш во лево дупките. Или дупка до дупка во превод.

Овој пин што си го сликал е дел од шарката, а со имбусот се подесува колку да одбива ( ако го тргнеш капачето на сликата од вратата, внатре има уште еден имбус со кој се подесува висината )

Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #9035 на: 21 Декември 2024, 16:41:45 pm »
Баш така, 2-3 мм полево и практично дупка во дупка. :)
Памтам имаше некој „цемент лепак“ во спреј туба, скап, ама се употребува за анкери кога е е преголема преширока направена дупката во материјалот во кој се заштрафува (бетон обично) а мора на таа локација да биде анкерот. Наводно многу јак материјал... Да го пополнам профилот со такво нешто, откога претходно ќе се наштрафи држачот за пинот/шарката со долги штрафови (тие изгледа треба да фатат и позади профилот).

Ќе видиме на пролет. Фала уште еднаш.

едит:
Инаку искача овие работи човек ако има време и базичен алат, може и подобро да ги заврши од „мајсторите“. Сите си мислиме подобро да платам да го направат асално ама искача дека нема асално. Сите денес гледаат да завршат што побрзо и не им е гајле што лошо ја сработуваат работата, дури и ако им доплатиш бонус за да сработат саглам.