Сакам да местам роло гаражна врата, на сликите можи да се види шо сакам да постигнам, грубо.
Гаражата е 4м долга внатре, ама за во иднина да собира подолга и повисока кола (така тргна трендот),
ќе треба да соѕидам ѕид од 60цм под балконот за да ја фиксирам вратата на таа страна.
Потоа ќе треба и удолницата да ја извадам нанадвор и нема да биди покриена, и тука ми е најголемиот проблем,
за поројни дождови водата вгаража ќе ми оди. Јас ќе си инсталирам шахти за мала вода, ама планот и прашањето ми е:
дали можи под балкон да ставам од оние тендите како на сликата во тие 40цм луфта, со собирање, дали ќе крепат пороен дожд и „малку“ ветер,
само за тие денови во Мај, Јуни кога истура на периоди, да ја пуштам 1метро и да се заштитам и поплавување?


