Автор Тема: ЕКО куќи  (Прочитано 1463468 пати)

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3736
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8970 на: 12 Мај 2024, 10:16:40 am »
Мартин, како ти се монтирани дрвените кадрони? Гледам нешто налик пурпена горе, ама се надевам дека имаш и штрав-типла.

Во врска со твојата тераса/балкон (не разбрав што е разликата) јас ти предлагам сламени ролетни. Ние ставивме, и за чудо, после 5 години се нови/здрави. Преку ден се спуштени, за да не пече сонце внатре во лето, кога треба да седиме на терасата ги спуштаме, а преку ноќ ги креваме за да влезе свеж воздух дома. Јас практикувам во есен, да ги извадам од држачите и да ги спакувам во ќеси, и сладирам за следно лето.


(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Имам вакви, и други кај и да е ке ми стигнат, за гостиварчанецот ексра цена ако се одлучи за вака нешто

Sent from my SM-A546B using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3736
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8971 на: 12 Мај 2024, 10:19:55 am »
Дупли пост
Некој искуство со хот и хот?
Моментално сум во стан ама со намера да се продава да се прави куќа...
Со мајстори се знае како е... Затоа паметот ми оди накај барака од хот и хот. Гледам и куќи што ги продаваат ама пак дневна од 30 м2 и спална од 24 м2 не ми прават мерак..

Sent from my SM-A546B using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8972 на: 12 Мај 2024, 13:25:44 pm »
Дупли пост
Некој искуство со хот и хот?
Моментално сум во стан ама со намера да се продава да се прави куќа...
Со мајстори се знае како е... Затоа паметот ми оди накај барака од хот и хот. Гледам и куќи што ги продаваат ама пак дневна од 30 м2 и спална од 24 м2 не ми прават мерак..

Sent from my SM-A546B using Tapatalk

Многу е скапо. Поскапо него ќључ у рука беше пред 3/4 години.
Мислам дека бараат плоча, струја, вода и одвод.

Ти кажи локација каде би градел. Јас се разочарав кога гледам дека сњ повеќе градат и збиваат гради по аеродром/тафталиџе реонот, а приградските населби ги запоставуваат самите општини. Жалосно што се централизира се.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3736
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8973 на: 12 Мај 2024, 15:06:46 pm »
Дупли пост
Некој искуство со хот и хот?
Моментално сум во стан ама со намера да се продава да се прави куќа...
Со мајстори се знае како е... Затоа паметот ми оди накај барака од хот и хот. Гледам и куќи што ги продаваат ама пак дневна од 30 м2 и спална од 24 м2 не ми прават мерак..

Sent from my SM-A546B using Tapatalk

Многу е скапо. Поскапо него ќључ у рука беше пред 3/4 години.
Мислам дека бараат плоча, струја, вода и одвод.

Ти кажи локација каде би градел. Јас се разочарав кога гледам дека сњ повеќе градат и збиваат гради по аеродром/тафталиџе реонот, а приградските населби ги запоставуваат самите општини. Жалосно што се централизира се.
Хиподром гледам плацеви, има за 22.000€ 350 м2 со платени комуналии вода, струја...

Sent from my SM-A546B using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8974 на: 12 Мај 2024, 16:09:37 pm »
@osmica8 давај твое мнение. Според тебе, хот и хот или цврста градба?
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2153
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8975 на: 12 Мај 2024, 17:43:15 pm »
Колку е цена за м2 за Хармоника систем за застаклување?
Цени нигде на сајт не најдов....

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3859
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8976 на: 12 Мај 2024, 19:10:34 pm »
Дупли пост
Некој искуство со хот и хот?
Моментално сум во стан ама со намера да се продава да се прави куќа...
Со мајстори се знае како е... Затоа паметот ми оди накај барака од хот и хот. Гледам и куќи што ги продаваат ама пак дневна од 30 м2 и спална од 24 м2 не ми прават мерак..

Sent from my SM-A546B using Tapatalk


Хот и Хот би ги заобиколил како фирма. Јас пред 2-3 години прошетав повеќе фирми и со Хот и Хот имав најмизерно искуство, пред се во односот на газдата за време на преговори и барање на понуда. Ако сакаш фирма која се труди и се бори на пазаров пробај со https://www.modulardesignarchitects.com/. Не се решив јас да одам со нив бидејќи нивната понуда не ми беше соодветна на очекувањата ама требаше да работат по мој проект а не од нивните понуди. Видов еден нивни објект во изградба во Берово, и да бидам искрен ако ми треба нешто за брзо да има две спални и ВЦ во двор некаде за викендица и нема големи компликации за темел веројатно би се решил за нив. Јас отидов на цврста градба и до сега излегува дека ќе поминам некаде 20- 25% (и +1- 1,5 години подолго во изградба и кинење живци со изведувачи) над нивната понуда, но објектот е далеку поздрав од она што ќе го добиев со клуч на рака.

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 325
  • The best or nothing.
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8977 на: 12 Мај 2024, 21:40:33 pm »
@bramovsk Дали работиш со фирма, или ти си наоѓаш мајстори, и дали ориентационо знаеш колку кошта карабина, а колку клуч на рака? Знам дека е ствар на договор во зависност какви материјали ќе се употребат, ама чисто некоја цена за ориентација.


Мене не ми се допаѓа тоа, ако договориме една цена, па да преправиме за 25% повисока сума. Освен ако немало некоја измена по твоја желба.  :)




Имам вакви, и други кај и да е ке ми стигнат, за гостиварчанецот ексра цена ако се одлучи за вака нешто

Мартин, еве ти клабер за "ролетниве". Сега гледам постојат и разни должини. Од 40 до 120цм.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3859
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8978 на: 12 Мај 2024, 23:08:38 pm »
@bramovsk Дали работиш со фирма, или ти си наоѓаш мајстори, и дали ориентационо знаеш колку кошта карабина, а колку клуч на рака? Знам дека е ствар на договор во зависност какви материјали ќе се употребат, ама чисто некоја цена за ориентација.

Мене не ми се допаѓа тоа, ако договориме една цена, па да преправиме за 25% повисока сума. Освен ако немало некоја измена по твоја желба.  :)


Работам со фирми и поединци изведувачи. Колку е карабина не знам, од проста причина што кај мене имаже доста измени во тек на градба. Вложив многу повеќе во изолација отколку што иницијално планирав, со оглед дека амбицијата е да се постигне NZEB потенцијал.  Просто кажано во во невидливиот дел од куќата имам вложено над 40% од целата вредност на градбата.

Сегашниот есап сосе опциите да имам вода и канализација во село каде нема ништо од тоа градбата по м2 без да сметам дворно место средување некаде оди доакј 1200 еур/м2 со комуналии без вредност плац. Ако се додаде ова другово не е баш голема придобивка да се гради солидна градба надвор од урбанизиран регион.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3415
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8979 на: 13 Мај 2024, 12:17:29 pm »
Ако некој сака куќа во Бунарџик, мојата е на продажба, бујрум во ПП. :)

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7240
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8980 на: 13 Мај 2024, 16:30:51 pm »
Дали Фирнез е најдобрата заштита за даски што ке бидат надвор нон стоп, на сонце, вода, снег етц.?

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8981 на: 13 Мај 2024, 17:08:24 pm »
Даска измачкана со фирнајз поцрне, даска измачкана со бродски лак е како нова. Ај сега биди псметен што да користиш, ако знаеш дека лак пука после 3/4 години...
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3859
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8982 на: 13 Мај 2024, 17:54:16 pm »
Фирнајзот нема УВ заштита но длабиниски продира и ја подобрува (успорува) абсорбцијата и испуштањето на влага. Со тоа  се штити дрвото од извитоперување и пукање.  Лакот може да има УВ заштита но да бидам искрен ако дрвото е надвор воопшто не би му верувал на лакот. За добра заштита на дрво потребно е да се знае намената и употребата, и да се  употребува длабинска и површинска заштита. Јас не би користел фирнајз ако не е целта да се помине најевтино и можеш да живееш со природно избледенотото дрво под влијаниена УВ. Има основни премази со фунгициди и инсектициди подобри од фирнајз. Но на пример ако дрвото го закопаш во земја како столб тогаш закопаниот дел да се заштити е друга песна. Вројатно за столб во нива побитно е да не скапе а не да не се извитка, па со битуменски премази ќе си го заштитиш, освен ако не најдеш прописно третирано дрво што кај нас го нема.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7240
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8983 на: 13 Мај 2024, 18:38:19 pm »
Намената на дрвото е да послужи како поклопец на бунар. Сакам да ставам подебели даски, зашто бунарот е на нулта ниво, а пред некој ден на комшии деца влегле во бавчата по топка, и за малку ке настанало трагедија од епски размери зашо не виделе дека е привремено отворен, зашто и возрасен не би излегол ако падне.

Идејата ми е да направам дводелен поклопец, кој би се отварал со шарки по потреба, а кога треба да се вади бавча, да е поткренат доволно малку да има проток на вода низ црево, а сепак да е покриен. Моментално има палета врз него ставена, зашто ни не крај памет не ми беше дека некој ке влезе во бавча неповикан, и сакам да најдам побезбедно решение што е можно поскоро. И 5 години да издржат даските ке ми биде доволно, потоа пак би ставил нови.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5457
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8984 на: 13 Мај 2024, 18:48:24 pm »
Премачкај фирнајс, остави го некој месец нека исуши убаво од горе, да не се примеќа таман ќе навлези внатре и ќе го заштити дрвото, над тоа мачкај со тоа шо мислиш од лак, некој шо е потраен. Фирнај не е за долготрајно, јас го имам мачкам еден мебел сњкоја година, оставен е под настрешница, и секоја година изгледа како сув. Повеќе е за премачкување на рачки од алат, лопати грибла или рачки од ножеви.
Исто пази со фирнајсот бидејки е самозапалив, ова истестирано ми е од ко гледав видеа, наквасени искористени партали остаени во кофа метална, крева температура чади и се самозапалува по одредено време.
Да не се чудиш кој ти подметнал оган :D


Sent from my iPhone using Tapatalk
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html