Автор Тема: ЕКО куќи  (Прочитано 1475966 пати)

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8985 на: 13 Мај 2024, 20:10:09 pm »
Намената на дрвото е да послужи како поклопец на бунар. Сакам да ставам подебели даски, зашто бунарот е на нулта ниво, а пред некој ден на комшии деца влегле во бавчата по топка, и за малку ке настанало трагедија од епски размери зашо не виделе дека е привремено отворен, зашто и возрасен не би излегол ако падне.

Идејата ми е да направам дводелен поклопец, кој би се отварал со шарки по потреба, а кога треба да се вади бавча, да е поткренат доволно малку да има проток на вода низ црево, а сепак да е покриен. Моментално има палета врз него ставена, зашто ни не крај памет не ми беше дека некој ке влезе во бавча неповикан, и сакам да најдам побезбедно решение што е можно поскоро. И 5 години да издржат даските ке ми биде доволно, потоа пак би ставил нови.

Ако дрвото ти е битно за естеитка бркај добра импрегнација како на пример Белинка Импрегнат или Беллес, а потоа лакирај со лак за екстериер базиран на вода - Белинка Екстериер, или емаил за дрво Белинка Екстериер, со претходно нанесување на прајмер. Добри искуства долгогодишно сме имале со Белтоп и тој има УВ заштита.

Има и самопрајски премази што можеш да ги користиш доста добри. Еве ти едно видео, сум го пробал ова во комбинација со терпентин и пчелин восок, ама може и варијатна со фирнајз и восок од свеќа.


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8986 на: 13 Мај 2024, 20:14:23 pm »
Пред се и до дрвото е работата. Имено има дрва кои се поотпорни на влага, да видиш тиково дрво ова она што е за огради и за столчиња. Или оние даски за надвор што се за под. Нешто така, па после да мачкаш згроа импрегнација и лак и све.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8987 на: 14 Мај 2024, 08:42:46 am »
@Tommy

Имаш пластични капаци, обично ги ставаат како замена за металните капаци за канализација, има разни димензии. Види на https://imre.mk/product-category/sanitarijavododvod/
Ако не најдеш таква опција, една варијанта е да ставиш жолта оплата што се користи во градежништвото, фабрички заштитена од секакви влијанија.

Околу фирнајс и заштитата на дрвата, очигледно секој има различно искуство. Дрвените прозори што ги имам во куќата (со термопан стакло) на неколку години ги премачкуваме со фирнајз, дел од нив се на јужна страна па до сеа не сум видел разлика некоја во нијанса.
Јас за две недели ќе ми монтираат ограда од бел бор, заштитена со фирнајс. Па како ќе се покаже, ќе известам ако некој го интересира за некоја година.

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1837
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8988 на: 14 Мај 2024, 09:47:56 am »
Од каде ја набави оградата и дали е она прицип на летвички кој се преклопуваат?

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8989 на: 14 Мај 2024, 12:11:16 pm »
Дупли пост
Некој искуство со хот и хот?
Моментално сум во стан ама со намера да се продава да се прави куќа...
Со мајстори се знае како е... Затоа паметот ми оди накај барака од хот и хот. Гледам и куќи што ги продаваат ама пак дневна од 30 м2 и спална од 24 м2 не ми прават мерак..

Sent from my SM-A546B using Tapatalk



Слично искуство како @bramovsk. Кога го запознав газдата видов дека нема основно познавање од материјали, а камоли од градежништво. Јас не би праел со нив, ништо.

Куќата на Бранко е мој проект, повели ако си заинтересиран да градиш.



Дали Фирнез е најдобрата заштита за даски што ке бидат надвор нон стоп, на сонце, вода, снег етц.?

Побарај ги Сирка. Имаат тие производи за заштита на дрво. Секое дрво си има начин како се заштитува.
Од мое скромно искуство можам да кажам дека најдобра обработка на дрво е со восок и масло. Тоа е доста поскапо од се друго што се користи кај нас, па претпоставувам затоа не го ни нудат.
Сирка увезуваат некои восоци/масла за заштита, побарај ги, види што ќе ти кажат.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8990 на: 14 Мај 2024, 12:47:21 pm »
Од готовите производи во Спачва ги има и Osmo едни од водечките произџводители напроизводи за заштита на дрво, но цената и примената се деликатни работи. Како што беше споменато овде.

Јас на пример за се што е на база на надворешно дрво решив да го прифагтам природно избледениот изглед на дрво и да се фокусирам само на спречување на пукање, извитоперување, трулење и инсекти.

Најдобра заштита за конструкции и надворешна употреба на дрво е третман под притисок и импрегнирање во средство базиран на бакар и нафтенат (оние зелениене нијанис на дрво). Ако некој најде локален извор на вакво обработено дрво нека ми каже.

Исто она што кај нас ретко се наоѓа и што во многу може да ја подобри трајноста на дрво надвор е багремово дрво, кое за жал никој не го обработува тука.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8991 на: 14 Мај 2024, 13:01:34 pm »
Вакво импрегрирано дрво или лепено ламелирано дрво (на пр. glulam) има во Хрватска. Можи и во Србија да има.
Знам еднаш барав, па имав контакт со нив и ценовник и се.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8992 на: 14 Мај 2024, 13:26:58 pm »
Во Србија многу избор има. Дури и багрем има колку сакаш, ако ништо друго за колци за ограда насекаде има.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8993 на: 14 Мај 2024, 13:43:17 pm »
Од каде ја набави оградата и дали е она прицип на летвички кој се преклопуваат?

Не ја работам јас, еден во комшии имаше ограда таква па го прашував кој што како па така го најдов човекот.
Инаку јас секако се распрашав и по стоваришта и железарии за да сфатам колку како чини материјалот за да имам претстава колку чини.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8994 на: 12 Јули 2024, 18:29:27 pm »
Церада  како шо се продаваат на секој ќош, ама БЕЛА , има некој видено некаде ? Се само плави, зелени итн, ми треба за додатна сенка над еден шатор да оптегнам, да го одбива сонцето.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Tesla

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • Eбач на батерии :D
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8995 на: 15 Јули 2024, 09:58:50 am »
Правел/ѕидал некој куќа во скоро време?
На колега му рекле 270евра за квадрат за карабина. И екстра 10иљади евра за случајни работи како мито, документи, па леви мајстори.
Некако многу доага цената. Од карабина до куќа уште 200евра за квадрат, па каде е ограда, па двор. Многу некако.
Д'г ж'т в'к п'н б'и - Долг жолт волк полн болви.

Zenu dupe krasi a tortu orasi.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3477
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8996 на: 15 Јули 2024, 10:56:50 am »
Цврста градба клуч во рака нема под 450еур/1м2.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8997 на: 15 Јули 2024, 16:13:00 pm »
Ако некој успее да направи клуч на рака за 450/м2 за индивидуална куќа и почнал со градба од 2023 навака нека ми прати локација сакам да ја видам градбата и внатрешноста.  А може да ги стави и комуналиите, проектиранјето, дозволата за градба, приклучокот за струја, вода и канализација и цена на плацот барем за делот под објект за да биде добро споредливо со купување стан. Ете ограда и двор нека е надвор од есапот.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1727
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8998 на: 15 Јули 2024, 16:17:51 pm »
Ако некој успее да направи клуч на рака за 450/м2 за индивидуална куќа и почнал со градба од 2023 навака нека ми прати локација сакам да ја видам градбата и внатрешноста.  А може да ги стави и комуналиите, проектиранјето, дозволата за градба, приклучокот за струја, вода и канализација и цена на плацот барем за делот под објект за да биде добро споредливо со купување стан. Ете ограда и двор нека е надвор од есапот.

Ќе излезе станот поевтин и едно 5-8км по накај центар на Скопје. :)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43720
  • Il Moderatore
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8999 на: 15 Јули 2024, 16:25:59 pm »
Логиката кажува дека и треба да е стан поефтин од куќа, по квадрат градба. Не зборуваме за пазарна цена, тоа е башка есап.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.