Добив желба да си ја средам терасата малку, т.е. да вметнам малце приватност за поудобно седење во следниов период.
Терасата е во речиси квадратна форма, би рекол околу 1.5х1.6 метри и е отворена кон две страни (приказ со слика подоле).
Би сакал од двете страни да го стеснам видикот, но би сакал таа "преграда" да е прозрачна:
Сакам да биде нешто слично како што имам изведено во дневната, но не верувам дека овие материјали што се вградени во дневна соба ќе издржат надвор. Терасата е ориентирана југоисточно, нема некоја заштита од дожд, па материјалите ќе треба да се сносат со се ова.
Приказ од дневна за пример:
Ако некој има предлог што би било соодветно да користам тука, слободно кажувајте.
Мене ми отиде на памет квадратен метален профил од двете страни обложен со некакво дрво отпорно на атмосферски влијанија, како дворски огради што прават.
Искрено не би сакал секоја година да ги фарбам или менувам преградите, па ако има нешто поиздржливо, би било супер да знам.