Автор Тема: ЕКО куќи  (Прочитано 1476206 пати)

Отсутен fcwizard

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 209
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8850 на: 12 Март 2024, 13:14:19 pm »
Даски чам/бел бор (за ограда) каде има некој да знае по цена како одат, до сеа што се распрашав, 100 ден за 100х10х2 цм

Пред некој период од градежен плац во Велес цените беа вакви:
Декември
Даски 20cmx2cm x 4m дена- 320 денари
Февруари
Греди 5x5cm x 4m бор градежен - 280 денари

цените им се обично во кубен метар види онлајн некој калкулатор.

но ако не сакаш да се замараш многу со заштита на дрвото прашај колку е аришот во Атлантида
https://www.facebook.com/p/Atlantida-100064380621612/

или употреби yakisugi/shou sugi ban техника на борот.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8851 на: 12 Март 2024, 13:17:35 pm »
Даски чам/бел бор (за ограда) каде има некој да знае по цена како одат, до сеа што се распрашав, 100 ден за 100х10х2 цм
Бујо види
А за квалитетни
https://www.facebook.com/share/mpNMENXrHPKkbsna/?mibextid=qi2Omg
Sent from my SM-A546B using Tapatalk
Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен RedEco

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4631
  • Passat B8
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8852 на: 12 Март 2024, 22:43:33 pm »
sfe e do sistemot, i pozicijata na popametnite vo nego.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8853 на: 13 Март 2024, 19:25:00 pm »
Пред некој период од градежен плац во Велес цените беа вакви:
Декември
Даски 20cmx2cm x 4m дена- 320 денари
Февруари
Греди 5x5cm x 4m бор градежен - 280 денари

цените им се обично во кубен метар види онлајн некој калкулатор.

но ако не сакаш да се замараш многу со заштита на дрвото прашај колку е аришот во Атлантида
https://www.facebook.com/p/Atlantida-100064380621612/

или употреби yakisugi/shou sugi ban техника на борот.

https://www.youtube.com/watch?v=MKjxXqouua0
Баш рачно се прави ова за само првиот најизгорен слој да се извади, или заради традиција? Пошто има такви четки и за на бормашина (брусилка е пребрза).
Си го работел ова? Прикладна техникава за бор/чам (пошто нели меко дрво и тоа)?

Настрана од тоа - некоја идеја/совет кај да се набави посув чам? Градежниве материјали обично се прилично влажни. Во меѓувреме ќе прашам кај овие Атлантида што ги препорача... Сакам да се обидам да направам креветче, страв ми е со потврдо дрво да пробам пошто битовите за фрезата ми се срање.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8854 на: 13 Март 2024, 19:48:24 pm »
Дали мора да се измалтари пред да се стави стиродур во случајот. Немам моментално слики, имаме едедн објект а на нива 40стина кв да е, релативно нова градба е , има струја вода пуштено, само блокови и стара дограма е наместена е моментално, некаде има по некое дупче низ блоковите.
Стиродурот е планиран за од внатре, се нема пари за однадвор фасада и слично, вака барем да се оспособи и да се затвори внатре, да може да се функционира внатре, за спиење јадење, да не ми влегуваат, мравки гуштери , глувци итн.
  - Дали може да поминам само да ги искрпам дупките , било со цемент било со лепак меѓу блокови, и над тоа да лепам стиродуротт внатре, па после ќе видам со шо да се оди над стиропор, вероватно со абрип, ќе се заврши или мора малтер, барем една рака, фино или како и да се вика
 НЕ ми е за нешто мака или сллично, туку да не го испоебам малтерот, не сум малтерисувал никогаш, да не го направам мевови цел малтер по ѕидови .
За однадвор мислам дека ми фаќа главата да ја измалтарам згора преку колку да не се блокови.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8855 на: 13 Март 2024, 21:03:25 pm »
Да знаеш дека мравки "јадат" стиропор, ако им се виде убав влезот меѓу циглите ќе си направат колонија помеѓу стиропорот и циглите па потоа ќе организираат експедиции кон внатрешниот неистражен свет :)

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2083
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8856 на: 13 Март 2024, 21:11:35 pm »
Дали мора да се измалтари пред да се стави стиродур во случајот. Немам моментално слики, имаме едедн објект а на нива 40стина кв да е, релативно нова градба е , има струја вода пуштено, само блокови и стара дограма е наместена е моментално, некаде има по некое дупче низ блоковите.
Стиродурот е планиран за од внатре, се нема пари за однадвор фасада и слично, вака барем да се оспособи и да се затвори внатре, да може да се функционира внатре, за спиење јадење, да не ми влегуваат, мравки гуштери , глувци итн.
  - Дали може да поминам само да ги искрпам дупките , било со цемент било со лепак меѓу блокови, и над тоа да лепам стиродуротт внатре, па после ќе видам со шо да се оди над стиропор, вероватно со абрип, ќе се заврши или мора малтер, барем една рака, фино или како и да се вика
 НЕ ми е за нешто мака или сллично, туку да не го испоебам малтерот, не сум малтерисувал никогаш, да не го направам мевови цел малтер по ѕидови .
За однадвор мислам дека ми фаќа главата да ја измалтарам згора преку колку да не се блокови.
Треба да се измалтари пошо имаш струја/кабли проведено недај боже утре вода спој да не биде беЉа измалтари, при малтарење убаци креч со усјемалот едно вреќа на мешалка

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8857 на: 13 Март 2024, 21:42:36 pm »
…Значи нема бегање а.. Ништо, ќе се испраксирам максимално изгледа на објектов со се како шо ми гледа, после ќе бидам спремен за 15е квадрат да наплаќам :Д
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен fcwizard

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 209
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8858 на: 14 Март 2024, 10:11:41 am »
Пред некој период од градежен плац во Велес цените беа вакви:
Декември
Даски 20cmx2cm x 4m дена- 320 денари
Февруари
Греди 5x5cm x 4m бор градежен - 280 денари

цените им се обично во кубен метар види онлајн некој калкулатор.

но ако не сакаш да се замараш многу со заштита на дрвото прашај колку е аришот во Атлантида
https://www.facebook.com/p/Atlantida-100064380621612/

или употреби yakisugi/shou sugi ban техника на борот.

https://www.youtube.com/watch?v=MKjxXqouua0
Баш рачно се прави ова за само првиот најизгорен слој да се извади, или заради традиција? Пошто има такви четки и за на бормашина (брусилка е пребрза).
Си го работел ова? Прикладна техникава за бор/чам (пошто нели меко дрво и тоа)?

Настрана од тоа - некоја идеја/совет кај да се набави посув чам? Градежниве материјали обично се прилично влажни. Во меѓувреме ќе прашам кај овие Атлантида што ги препорача... Сакам да се обидам да направам креветче, страв ми е со потврдо дрво да пробам пошто битовите за фрезата ми се срање.

Да неколку пати со бор/чам за намештај за надвор, но не на традиционален начин туку со бренер, јас го правев со бренер за мап гас што е ок за помали работи но е страшно бавно за поголеми. Така да ако имаш боца земи си пламеник со поголем диаметар(барем над Ф50).
Не го прегорив дрвото па користев бронзена четка па брусна хартија п320 потоа, па на крај чистење со крпа и два слоја aquamax lasur top  за секој случај.

Влажноста е таа за жал од 16 до 22/3% на градежново дрво, јас обично купувам па го сушам на покриено и вентилирано место 2/3 месеци до барем под 12% влажност.

Go for it :)  јас си правев работи само од градежно дрво пошто во Велес нема од каде да набавиш друго ама пред некое време пробав со бука и цреша и друга димензија добив на хобито.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8859 на: 25 Март 2024, 22:10:28 pm »
…Значи нема бегање а.. Ништо, ќе се испраксирам максимално изгледа на објектов со се како шо ми гледа, после ќе бидам спремен за 15е квадрат да наплаќам :Д

Немаш потреба да малтариш.
Ставаш У врска и после тоа лепак и стиропор. Каблите ако не ти се ужлебани во блокот, ќе ги ужлебаш во стиропорот.
После тоа абриб.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5856
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8860 на: 26 Март 2024, 08:10:15 am »
Нема потреба од малтер,прво ќе ја грундираш површината,нека се исуши па лепеш табли 3цм стиродур ако си во можност,ако не 3цм стиропор (17кг),ставај обавезно на таблата на 2 места пурпеена за стиропор (делува како типли да ставаш)за кабли ќе ги ужлебаш ко шо пишал осмица.
Потоа лепак за мрежа и мрежа,нека исуши,ако е нерамно ќе земеш бел лепак за редуцирање ќе го напрабеш поводен ќе го нанесеш и со лептир ќе влечеш.
Откако ќе се исуши (2 дена) ќе ја грундираш површината,ќе почекаш некој саат да се исуши и нанесуваш минерален абриб,мој предлог е да одеш со 1.5/2мм имаше еден бело-црвени вреќи и починаше ма S буквата,исто потоа да не кречиш кога ќе го мешаш абрипот ставај по 1 мистрија вар за белење,помалку ќе ти капи и бело ќе биде 😁.

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2083
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8861 на: 26 Март 2024, 08:38:54 am »
Совет да не си правиш дупла работа те утре да бушиш те протекло испукало ситен песок креч усјемал малку цемент - сигурно си е сигурно полека ке си измалтариш / на крај окречи со креч зидовите не поликолор

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8862 на: 26 Март 2024, 09:34:36 am »
Скржавиот и сиромавиот 2 пати плаќаат :D

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2083
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8863 на: 26 Март 2024, 09:50:52 am »
Така е микиус се знае мастар да игра по зидовите измалтерисано окречено а не картон зид дури и овие школувани демек архитекти како да ги учеле се обратно кај табла зид ке држи се знае блок 20ка инсталација оди низ блокот кај ке штемаш каблоте на гибс картонот не дај боже беља пожар ке ги бараме паланчани зидари и југословенска архителтира , малтирај со креч песок усјемал цемент како што треба не си играј играчки ке ја запнеш комшиката ако е мрсна ке пробие тие картоните бери памет

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8864 на: 26 Март 2024, 21:29:04 pm »
Пред некој период од градежен плац во Велес цените беа вакви:
Декември
Даски 20cmx2cm x 4m дена- 320 денари
Февруари
Греди 5x5cm x 4m бор градежен - 280 денари

цените им се обично во кубен метар види онлајн некој калкулатор.

но ако не сакаш да се замараш многу со заштита на дрвото прашај колку е аришот во Атлантида
https://www.facebook.com/p/Atlantida-100064380621612/

или употреби yakisugi/shou sugi ban техника на борот.

https://www.youtube.com/watch?v=MKjxXqouua0
Баш рачно се прави ова за само првиот најизгорен слој да се извади, или заради традиција? Пошто има такви четки и за на бормашина (брусилка е пребрза).
Си го работел ова? Прикладна техникава за бор/чам (пошто нели меко дрво и тоа)?

Настрана од тоа - некоја идеја/совет кај да се набави посув чам? Градежниве материјали обично се прилично влажни. Во меѓувреме ќе прашам кај овие Атлантида што ги препорача... Сакам да се обидам да направам креветче, страв ми е со потврдо дрво да пробам пошто битовите за фрезата ми се срање.

Да неколку пати со бор/чам за намештај за надвор, но не на традиционален начин туку со бренер, јас го правев со бренер за мап гас што е ок за помали работи но е страшно бавно за поголеми. Така да ако имаш боца земи си пламеник со поголем диаметар(барем над Ф50).
Не го прегорив дрвото па користев бронзена четка па брусна хартија п320 потоа, па на крај чистење со крпа и два слоја aquamax lasur top  за секој случај.

Настрана од тоа - некоја идеја/совет кај да се набави посув чам? Градежниве материјали обично се прилично влажни. Во меѓувреме ќе прашам кај овие Атлантида што ги препорача... Сакам да се обидам да направам креветче, страв ми е со потврдо дрво да пробам пошто битовите за фрезата ми се срање.

Влажноста е таа за жал од 16 до 22/3% на градежново дрво, јас обично купувам па го сушам на покриено и вентилирано место 2/3 месеци до барем под 12% влажност.

Go for it :)  јас си правев работи само од градежно дрво пошто во Велес нема од каде да набавиш друго ама пред некое време пробав со бука и цреша и друга димензија добив на хобито.

Shou Shugi Ban бара многу работа ако треба со големи површини да се замараш, но е веројатно еден од најдобрите начини да го спремиш дрвото за изложеност на надворешни влијанија. Си играв со некое дрво извадено од многу лоши палети и морам да кажам дека испдана сосема употреблива сакасија за балкон, која еве 3 години си седи надвор изложена на УВ и дожд без да се појават видливи проблеми со дрвото (можеби малце е избледено). Добра работа е што не мораш да се занимаваш со многу шмирглање бидејки горењето ќе ти даде добра структура на површината. Кај нас за жал нема да се најде нешто вакво, за да може со некоја полиестерска четка да го средиш горниот слој. Со челична рачна или со брусилица не пробувај никако.

Од друга страна правењето мебел од градежна столарија - граѓа   .... со среЧа! Ако некој успее да  сработи нешто поголемо и јас би сакал да видам како и со каков алат се сработува тоа.