Автор Тема: ЕКО куќи  (Прочитано 1476073 пати)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8880 на: 30 Март 2024, 20:51:52 pm »
Глеј од тиа купи, па да виеш шо е Алфа Ромео зграда...

На Два браТа? Не знам зошто не се браЌа али нема везе 😁

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8881 на: 30 Март 2024, 20:56:47 pm »
Во меѓувреме се распрашував и јас, за 15 квадрати ми бараат околу 400е со нивен материјал што некако ми е мн.
Мислам дека кршен камен, бар за фракција 2 колку што прашував, 800ден е 1 тон а во 1м3 има околу 1.7-1.8т.
Околу оградата, како што имам до сеа една понуда, испаѓа околу 40е за м2 за комбинација на метал и дрво. Чекам да дојде уште еден.
Како резервна варијанта размислував класика панелна ограда со некоја пвц лента или бамбус ама ќе видиме. Во Србија има мн интересен избор, ставаат и како пластични ленти слични на тие за ролетна.
Вака изгледа панелна со пвц фолија
https://www.halooglasi.com/gradjevinarstvo/kapije-ograde-gelenderi-resetke/najjeftinija-pvc-traka-za-panelne-ograde---35/5425636385811
А вака со тие "ролетни"
https://www.cool-mania.mk/gradina/luksuzen-gradinarski-mebel/ograda-pvc-lenti-za-kruti-paneli-vertikalno-plasticno-polnene-za-mreza-i-paneli

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 395
  • The best or nothing.
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8882 на: 30 Март 2024, 21:56:15 pm »
Обичен бекатон, коцка, 6цм дебелин, кошта 540денари за м2. Коцка 8цм дебелина, 640денари за м2. (цениве се од пред 2 месеца)
Рачунај сега, колку ти треба тампон/бекатон.
Пратев кај еден комшија во село, постапка на "бекатонизација" . 1 месец пред местење, земјата се наби со вибро-жаба, и он самиот секоја вечер, со ваљак уште повеќе ја набиваше. Еве веќе 3-та година, бекатонот е коска.

А за ограда, која ти е должината, и каков тип на ограда сакаш? Дали доле да има цокле, дали да биде во една целина, или со простор помеѓу. Има многу варијабли.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7076
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8883 на: 30 Март 2024, 22:06:47 pm »
Ова не се шмиргла треба така да е "рапаво" ова е сахара на зид ако не се лажам не се шмиргла така треба да изгледа / овие школувани градежници нека ме корегираат ако грешам
Шо се разбираш ти, нанесуваш слој 0,1мм за потоа да го истругаш 8)
Не треба да се струга и нема поента да го нанесеш и да го стругаш. Целата поента е да биде изолатор и да биде рапаво. Само кај мене естетскиот дел на лепша половина беше пред практичниот и искочи џабе работа.

Ако веќе сакаш и изолација и рамно тогаш глетуваш врз него како што кажа некој погоре.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8884 на: 30 Март 2024, 22:09:27 pm »
Во меѓувреме се распрашував и јас, за 15 квадрати ми бараат околу 400е со нивен материјал што некако ми е мн.
Мислам дека кршен камен, бар за фракција 2 колку што прашував, 800ден е 1 тон а во 1м3 има околу 1.7-1.8т.
Околу оградата, како што имам до сеа една понуда, испаѓа околу 40е за м2 за комбинација на метал и дрво. Чекам да дојде уште еден.
Како резервна варијанта размислував класика панелна ограда со некоја пвц лента или бамбус ама ќе видиме. Во Србија има мн интересен избор, ставаат и како пластични ленти слични на тие за ролетна.
Вака изгледа панелна со пвц фолија
https://www.halooglasi.com/gradjevinarstvo/kapije-ograde-gelenderi-resetke/najjeftinija-pvc-traka-za-panelne-ograde---35/5425636385811
А вака со тие "ролетни"
https://www.cool-mania.mk/gradina/luksuzen-gradinarski-mebel/ograda-pvc-lenti-za-kruti-paneli-vertikalno-plasticno-polnene-za-mreza-i-paneli

Ролетниве не се лоши но цената е прилично висока ако е ова цена за цел панел од 2.5м ширина. Јас планирам ограда од рстенија да поставам на поголем дел но има место каде не можам да садам. Може ова со лентиве да е добра солуција.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8885 на: 30 Март 2024, 23:03:26 pm »
биси е bmw?

Не.
Great Wall e.

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3810
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8886 на: 30 Март 2024, 23:31:55 pm »
Decki eve ja mojata nova garaza, bidejki seuste sum vo izgradba (ke ima uste eden sprat vrz nejze ) vnatre ima stvari koi se od prethodnata kukja. Inaku krajniot plan e levo i desno da nema nisto, a napred celiot prostor ke bide so raftovi i rabotni masi. Vo momentov e vaka 😬



Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8887 на: 31 Март 2024, 00:01:40 am »
Со здравје да си ги користиш обете :) .
Сеа ова морав, појако од мене беше, проштевај :D






Sent from my iPhone using Tapatalk
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8888 на: 31 Март 2024, 08:35:45 am »
Обичен бекатон, коцка, 6цм дебелин, кошта 540денари за м2. Коцка 8цм дебелина, 640денари за м2. (цениве се од пред 2 месеца)
Рачунај сега, колку ти треба тампон/бекатон.
Пратев кај еден комшија во село, постапка на "бекатонизација" . 1 месец пред местење, земјата се наби со вибро-жаба, и он самиот секоја вечер, со ваљак уште повеќе ја набиваше. Еве веќе 3-та година, бекатонот е коска.

А за ограда, која ти е должината, и каков тип на ограда сакаш? Дали доле да има цокле, дали да биде во една целина, или со простор помеѓу. Има многу варијабли.

Цениве се со материјал или ?
Кај мене земјата е набиена, треба можеби минимално да се порамни и посекако да се фрли тампон. Мене ми треба најобичен, најголема тежина што ќе видат се точак и скутер па затоа не треба премногу замарање.

Што се однесува до оградата, цокле од околу 25 цм веќе си има, останато е на еден мал дел од неколку метри кон комшијата, тука секако не би требало да се бетонизира толку, туку само ќе се излие бетон во земја доволно колку столбот да биде стабилен.
Инаку оградата ја замислував од метални столбови и хоризонтални даски со проред од околу 3цм. Должината е околу 23-24 м висина околу 1.5м

@bramovsk

Од живи огради, на другата страна од станот, засадив лејланди, се мислев меѓу нив и ред робин, доста густо растат.

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 395
  • The best or nothing.
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8889 на: 31 Март 2024, 09:54:01 am »
@AllMightyMe Цената е само за бекатон коцки. Башка ти е тампон 3-2-1, па рамнење/рака.


За оградата (и мене ми се свиѓа таков стил), ако сакаш да поминеш евтино, а добро, прави ја со некој комшија/мајстор, кој има апарат за варење и малку алат. Сега ќе ти нафрлам некоја груба математика и пресметка (од глава) :

На должина од 25 метра, да ги поставиш стубовите на растојание од 1 метро (а може и 1.5 метро), потребни ти се 25 стуба. Профилите се со должина од 6 метра. (Јоле има бесплатен превоз) Ти рече висина од 1.5 метро, па грубо речено тебе ти требаат 7 профила од 6 метра. Профил 40х40х2мм беше околу 900 денари за 6-метра. Ќе ти требаат и плочки на кои ќе се наварат стубовите, и потоа со анкер или ударна типла, одат во бетон. (Јас лично, би купил и 20х20х2мм профили, како ојачување, мада не е потребно)
Плочки ќе најдеш секаде, дали од отпад, дали мајсторот/браварот ќе ти ги направи, тоа ти е најмал проблем.
Даски ќе си купиш од стовариште, зависи која ширина сакаш.
1. Профилите да се исечат и заварат со плочки, потребно е 4/5 саати работа. (помалку до душа, он со ѓер ќе ги сече, ама да не го навредиш мајсторот)
2. Обавезно, фарбање со минимум и 2 раце боја. До сега што сум гледал мајстори, никој минимум не користи, и после 1 година паѓа бојата од профилот. (пред фарбање, убаво чистење со нитро или бензин)
3. Пак го викаш мајсторот, ги штрафи/поставува стубовите во цоклето, и мирна бачка. (2000ден рака на мајсторот)
4. Рачунаш какво дрво сакаш, која ширина. Купуваш од стовариште, и убаво зашитити ги. Дали садолин или фирнајз или лак, не се разбирам во ова.
5. Саморезни штрафови, и уште човек за да држи, и монтажа за еден викенд. (тане натенане)


Типс анд трикс : На реклама 5 може да начекаш профили или стубови. Имаш и готови даски, избичкани, твое е само да ги "заштитиш" или тонираш по желба. Исто така, има и мајстори/бравари, ќе се пазариш од услуга или дневница.
Јас би ја правел сам, поточно, само мајстор да ми завари, бидејќи немам апарат и друг алат.
Ем ќе поминеш најевтино, ем ќе ти е убаво бидејќи сам си ја правел, ем ќе се навлечеш после за други "проекти" .

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8890 на: 31 Март 2024, 10:48:37 am »
Позната ми е математиката, само верувај дека денес ниту еден бравар или било кој занаетчија не ти доаѓа за 2к. Дури и 3к е дискутабилно.
Околу цевки, реално некогаш подобро плати повеќе, во случајов купи готови, што доаѓаат спремни за штрафење но најважно истите се со пластифицирана обвивка и моментот на чистење, фарбање, префарбување утреден е избегнат.
Е сеа со дрво, секако го јадеш, само јас преферирам фирнајс наместо садолин и сличните.
Најголем фактор е времето, секој е во различна декада па најмалку што сакам е ако фатам јас да работам, истото да трае со месеци.
Фала на советите

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 395
  • The best or nothing.
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8891 на: 31 Март 2024, 12:11:33 pm »
Да, пластифицирано е подобро. Цинкано, па пластифицирано е уште подобро, ама не знам дали има цинкални кај нас.
Види времето е проблем кај секој. Тука прашањето е, дали 1000/1200 евра на мајстори, а ти да ги гледаш , или ти да бидеш планерот, а да поминеш со 400 евра.
Патем, дрвото е многу поскапено, или па мене ме маткаа во складиште.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8892 на: 31 Март 2024, 12:23:30 pm »
Еден столб од 1 метро е скоро 1000. Дрвото е исто таа цена за м2 (100 ден метро за висина 10цм к дебелина 2 цм од чам или бел бор)

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 395
  • The best or nothing.
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8893 на: 31 Март 2024, 12:31:34 pm »
Еден столб од 1 метро е скоро 1000. Дрвото е исто таа цена за м2 (100 ден метро за висина 10цм к дебелина 2 цм од чам или бел бор)

Во кое стовариште, и дали си прашал за готови 4м даски.
Што е подобро според тебе, чам или бор? Барем 10 години на почне да пука.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8894 на: 31 Март 2024, 13:10:50 pm »
Некое во Сарај беше, не верувам дека нешто мн поефтино е во др места, најмногу 20ден.
Не знам стварно, тоа некој дрвен инжинер да се праша, од искуство знам само дека дрво за надворешна употреба се мачка со фирнајс, да упие убаво дрвото од мрсното, па после се одржува само на неколку години. Со садолин и сличните, убаво ќе изгледа првото лето, после тоа ќе почне да пука и да се суши па следен премаз треба да се иструга за да се премачка.