Автор Тема: ЕКО куќи  (Прочитано 1854098 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8115 на: 05 Април 2022, 21:46:41 pm »
Сакам да правам нова кујна од иверица. 3.15 е должина.
Понуда 1600 евра и 900 евра од друг.

Кој е реална цена? Дали некој во скоро време има правено кујна?
И двете се со механизам со меко затварање.
Разгледај по салони какви цени имаат и од какви материјали, или прашај колку е табла иверица и грубо пресметај колку табли ќе требаат, плус механизми, рачки, и на тоа додај работна рака и транспорт.

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3067
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8116 на: 05 Април 2022, 23:18:37 pm »
Табла иверица дрво декор пред 2 години ја земав 3900. Истата табла пред два месеци беше 5700. Јас сега правам кујна, ќе ме фати 2500 со раб рака. Материјалот ми е 2000.  Секаде меко затварање и без рачки. Должина е 5м + мало шанкче. Други ми бараа 3100, трет ми бараше 4000.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11898
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8117 на: 06 Април 2022, 08:28:19 am »
Сакам да правам нова кујна од иверица. 3.15 е должина.
Понуда 1600 евра и 900 евра од друг.

Кој е реална цена? Дали некој во скоро време има правено кујна?
И двете се со механизам со меко затварање.

Пиши ако имаш подетално информации.
Каква иверица (бренд и декор, добавувач)
Каков оков (бренд и модел)
Каква плотна.
Светла или друг некаков специфичен декор.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7261
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8118 на: 06 Април 2022, 08:39:29 am »
100% е сигурно дека има разлика меѓу техничките спецификации на двете понуди.
Пример имаш оплеменета иверка и иверка обложена со ХПЛ фолија. Шарка со меко затварање од Блум, ГТВ и нонејм.
Водилки за фиоки, од 400 ден па 40 евра.
Итн итн

Мислам дека оковот е нешто најважно кај кујната. Истата е нешто што е најкорисено во еден дом.

Отсутен AlexAl1en

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 464
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8119 на: 06 Април 2022, 23:32:00 pm »
Кујната е комбинација од бел мат иверица    и иверица со дизајн на дрво и не знам кој бренд е од двете понуди.
Немам детални информации само понуди добив.
Плотна иста дизајн од дрво. Нема рачки, а ни светла.
Позадина за плочки плус 40 евра ова е плус на онаа пониската понуда, а кај онаа поскапата е вклучена и позадина и мијалник.
Ама тоа е 100 евра повеќе, но пак 600 евра разлика има на понудите.


Баш ќе прашам за ова механизмот, ама тој со пониската понуда ми спомна дека е по 15-20 евра еден механизам, дека горниот дел ќе се отвара нагоре.

Некако многу ми дојде 1600 евра кога пред една година истиот мајстор направи иста кујна со исти димензии и тоа комбинација медијапан и иверица и плус шанк и комода за 2500 евра, а сега мене само кујна и тоа цела од иверица 1600 евра.
Точно дека се е поскапено, ама 1600 евра за иверица ми изгледа скапо.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9034
  • Возач без обзир. Безобзирен возач.
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8120 на: 07 Април 2022, 00:04:38 am »
Барај на лифче список од сите делови.

Спрема досега кажаното, ако иверот е на пример од Egger, тоа ти е ефтина кујна.

Ако имаш touch механизми од Blum или слично, тогаш тоа е ептен ефтина кујна. :)
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7261
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8121 на: 07 Април 2022, 13:25:02 pm »
То сакав да кажам, има иверка и иверка. Муабетот вчера го правевме со инженерот, ми објаснуваше дека заштитната фолија на иверката на Егер е 4 пати подебела од некој друг поефтин бренд, пр. Кроноспан. Некои така ставиле кујна, за 6 месеци почетни знаци на излитеност.

Инаку и мене ми личи мн ама и нас не фати околу 3100 евра за 4.5 м кујна, до таван, со термогрб без бела техника, само мијалник.
Тука не би рекол, 1600 евра мн пари за иверка бидејќи иверка со ХПЛ фолија е мн поиздржлива од медијапан.

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2190
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8122 на: 07 Април 2022, 14:41:49 pm »
Без преувеличувања али многу на кар удираат колку сака нека е за 3.5 метри 1600 евра иверица е премногу со егер иверици цел плакар од 220x270 ми зема 330 евра со меко затварање егерот и кроното се разликуваат на допир многу лесно се гледа со око и на допир осека разлика во квалитетот, појди новомак кај бриколаж ако не ги дислоцирале и види ги цените за табла прашај сто шарки ке става табла плотна егер ја лани ја земав 6100 и не ја кратат 6 метра е парчето така да ке ти остане да не ти го спакува мајсторот (ја кратат не ја продаваат помала димензија) бар тогаш напарви калкулација сам и ке дојдеш до сумата, немав гаража иначе што ке давав пари за да ми прави некој мерка нацрт и послем слагалица

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5861
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8123 на: 07 Април 2022, 15:33:26 pm »
Дечки, гледам за кујни се прави муабет, па ајде да споделам и едно мое искуство од пред 2 години( скоро). Може некој и ќе добие некоја идеја. Прв пат правев кујна по мерка. Ова беше просторот.



Бидејќи сега дури и поголемите станови ги прават се на мегдан отворено, сакав да ја сокријам малку од влезната врата со некое мало ходниче да речам, остава. И да биде до таван со елементи за да се искористи максимално просторот. Првична идеја беше ова.



Иверка и материјали беа купени од Новомак. Иверката е Егер е сега дали со фолија беше лицето дали медијапан не можам да се сетам. А работната плотна  Кроношпан. Шарки и останати работи, не се секаде исти, некаде се GTV, некаде некои други не знам зашто така ама ајде.



Подоцна почнаа да се прават некои измени. Сепак ова не беше конечно имаше уште неколку после тоа. Точно ги заборавив димензиите ама мислам дека со тој дел со закачалките и шанкот е скоро 5ипол метра...



Да не праќам сега слики и од фаза... После не знам колку дена работа, се дојде до овој резултат и искрено ја сум многу задоволен од дечките, sидовите каде криви каде прави се потрудија доста да биде најдобро што може. Дури сега просторот визуелно изгледа поголем него што реално е.





И сеа најбитното сето ова кошташе 89 000 денари :) Без ниеден апарат, без умивалник без ништо :)



Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8124 на: 07 Април 2022, 16:04:20 pm »
Убаво!

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7261
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8125 на: 07 Април 2022, 17:08:22 pm »
Супер е се, освем спојката на раб плотна.

Отсутен AlexAl1en

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 464
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8126 на: 07 Април 2022, 20:41:17 pm »
Иверица со фолија е. Механизам како овој на долниот дел од висечите. На горниот кој нема да се користи многу исто меко, ама обични амортизери. Прва слика.

На таа поскапат кујна механизмот е Лукс.
Ова е изработено од тој што даде повисока понуда.


Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9034
  • Возач без обзир. Безобзирен возач.
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8127 на: 07 Април 2022, 20:55:20 pm »
Горе тачои се сите или само над аспиратор?
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен AlexAl1en

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 464
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8128 на: 07 Април 2022, 22:08:18 pm »
Горе тачои се сите или само над аспиратор?
Само над аспиратор.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9034
  • Возач без обзир. Безобзирен возач.
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #8129 на: 07 Април 2022, 22:31:34 pm »
Горе тачои се сите или само над аспиратор?
Само над аспиратор.

Мој чоек! :)
Паметно си направил, да имаше тачои на сите позиции, ете ти 200 еура плус :)
Министерство за транс, поп и виски.