Дечки, гледам за кујни се прави муабет, па ајде да споделам и едно мое искуство од пред 2 години( скоро). Може некој и ќе добие некоја идеја. Прв пат правев кујна по мерка. Ова беше просторот.

Бидејќи сега дури и поголемите станови ги прават се на мегдан отворено, сакав да ја сокријам малку од влезната врата со некое мало ходниче да речам, остава. И да биде до таван со елементи за да се искористи максимално просторот. Првична идеја беше ова.

Иверка и материјали беа купени од Новомак. Иверката е Егер е сега дали со фолија беше лицето дали медијапан не можам да се сетам. А работната плотна Кроношпан. Шарки и останати работи, не се секаде исти, некаде се GTV, некаде некои други не знам зашто така ама ајде.

Подоцна почнаа да се прават некои измени. Сепак ова не беше конечно имаше уште неколку после тоа. Точно ги заборавив димензиите ама мислам дека со тој дел со закачалките и шанкот е скоро 5ипол метра...

Да не праќам сега слики и од фаза... После не знам колку дена работа, се дојде до овој резултат и искрено ја сум многу задоволен од дечките, sидовите каде криви каде прави се потрудија доста да биде најдобро што може. Дури сега просторот визуелно изгледа поголем него што реално е.


И сеа најбитното сето ова кошташе 89 000 денари

Без ниеден апарат, без умивалник без ништо