Јас сменив аспиратор пред 2 месеца и кога го монтирав новиот (инаку исто Faber, како на Марјан) забележав дека нема неповратна клапна и се чудев како е тоа могуче (пошто стариот аспиратор ми беше ST од најевтините, ама со него си одеше и неповратна клапна и никогаш претходно ми немаше вратено мирис од кај комшиите)
Инаку и кај мене во зграда цела вертикала е поврзана на еден оџак и откако го намонтирав новиот аспиратор уште истиот ден осетив дека враќа мирис од негде од комшии...
Јас проблемот го решив на тој начин така што одма им се јавив у Сколекс и ги прашав за неповратна клапна и излезе дека неповратните клапни за аспиратори се продаваат дополнително и уствари не ти следуваат со самото купување на аспиратор( за разликата од кај тоа никаквото ST купено од Сетек, во кое си следуваше и клапната).
Така да, мислам дека најбоље варијанта ти е да им ѕвониш у Сколекс и да си набавиш клапна.
Знам дека имаа две димензии (fi120 i fi150 мислам дека беа) и мислам дека беа околу 1000ка помалиот а 1500 поголемиот.
Не секогаш ги имаат на лагер, па можеби ќе треба да си почекаш да донесат (јас си почекав две недели отприлика, додека да им стигнат)