Автор Тема: ЕКО куќи  (Прочитано 1854689 пати)

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7405
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7965 на: 07 Јануари 2022, 11:13:13 am »
Од кај ти е ова Лесна дека се од Албанија жити се?

Ни јас не знам како напишав Албанија а Косово фирмата е.  ???

Уствари знам, на јазикот Албанско знаме ставиле.  ;D

Отсутен Ducky

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 249
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7966 на: 07 Јануари 2022, 11:30:16 am »
Игор од Нерези со Интерпол да го бараш...
Фаќа згради претежно и незнае главата каде му е.

Знаеш нешто повеќе околу Игор?
Тој е еден од ретките што прави каса од масивно дрво а не од медијапан бар по тоа што го пишал на оглас.
На 100m е од мене, и се што знам за него е слушнато од луѓе кои не се од Нерези, ова Нережаниве се чурук малку, никого не фалат.
Имам земено една врата од кај него од тие 3000мкд што му беа, или така нешто, појма немам од што е и како е, 6г откако е ставена, 5г деца ја лупааат, трескана итн, уште е здрава и убаво затвара. Сакав уште 4 такви да земам, ама како што кажав, човеков е презафатен и не ми се нафати да ми ги направи, таа првата изгледа беше на среќа.
Кај мене Игор, интересно типче иначе, пред 7 години намести со судни маки 4 врати од тие што ги збориш, беа евтини стварно ама сто пати се покајав. Медијапан нефарбан. Молерот ги мачкаше после со четка ама тоа со четка не бива. Шљакатарник невиден се. Не можам да ги гледам. Како ги реши ти со боја?
Ургирав после за уште на две три места да монтира, нејќеше да чуе од што беше презафатен.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7967 на: 07 Јануари 2022, 12:54:27 pm »
Мојата беше фарбана.
Летово кога молерисував, ја поминав 2 раце со фасадна боја на водена база (експеримент) кој излезе доста ефикасен. Децава знаат некогаш со измачкани раце од чоколадо да ја замачкаат, со помада да ја направат и работи што ни мене нема да ми текнат, само со пребришување со мокра микрофибер крпа, се излегува.
Едино, бојата ми беше ептен бела, снег, малку ми дречи. И кваките би ги сменил лично јас, ама не им дошол редот.
Иначе за парите, пак ќе кажам, супер си е.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7261
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7968 на: 07 Јануари 2022, 13:11:48 pm »
Ми е чудно што викаш презафатен коа доста често му се обновени огласите на реклама 5.
Кажи ми, дали имаше некаков проблем со кривење бидејќи дрвото после некое времњ знае да се суши? Или ја штрафеше рамката оа и да сака нема како

Инаку супер изгледа и баш со тенок перваз како што ми треба. Спојките треба малку со кит да се поминат да нема зазор али се тоа е решливо зошто ако касата не е ок, се е џабе.
Рачките нема да ги коментирам :)

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7969 на: 07 Јануари 2022, 13:29:33 pm »
Си враќам филм сега околу цената...
Бидејќи сам ја монтирав, тоа не ми текнува, дали вратата беше 3400 а ми ја спушти на 3000 без монтажа, не сум сигурен баш.
Иначе отворот околу врата е цел со профил за гипс картон, под васервага секако, дојде Игор и зема димензии, да не речам ама ја направи фес да биде и убаво си влезе, не е штрафена за профилите, само со пур пена е лепена.
Од првиот ден како е ставена, до ден денес затварањето е исто, ниту е клапната ниту искривена, освен пред 2 год што ставив маст на шарките, почнаа да гракаат страчки.

Отсутен nekojtamu

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1165
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7970 на: 07 Јануари 2022, 13:54:11 pm »
Можеби сум пишувал и претходно ама Игор е добро мајсторче. Има само еден модел арно ама ист квалитет врати како некои извикани фирми за двојно помалку пари. Понекогаш е малку „турни ме да кинисам” ама со малку упорност и тоа се решава.

Sent from my...


Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7261
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7971 на: 07 Јануари 2022, 14:12:16 pm »
Си враќам филм сега околу цената...
Бидејќи сам ја монтирав, тоа не ми текнува, дали вратата беше 3400 а ми ја спушти на 3000 без монтажа, не сум сигурен баш.
Иначе отворот околу врата е цел со профил за гипс картон, под васервага секако, дојде Игор и зема димензии, да не речам ама ја направи фес да биде и убаво си влезе, не е штрафена за профилите, само со пур пена е лепена.
Од првиот ден како е ставена, до ден денес затварањето е исто, ниту е клапната ниту искривена, освен пред 2 год што ставив маст на шарките, почнаа да гракаат страчки.

Златен, касата знам дека е од масивно дрво, а врагата што е, медијапан со картонско саќе или?
Претпоставувам дека рачките можат да се сменат од тие дводелните?

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7972 на: 07 Јануари 2022, 15:03:31 pm »
Касата е дрво, вратата е со саќе. Рачките може да се сменат со дводелни, само ќе треба дупчињата (горното и долното) од оваа квака да се искитираат.

Присутен MAPJAH

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7201
  • Бенве сие бенве
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7973 на: 08 Јануари 2022, 09:13:54 am »
Имам еден проблем. Се вселив во нова зграда и вентилацијата е иста за сите од мојата вертикала. кога комшииве под мене готват (секој ден) кај мене дома смрди на манџа и морам да уклучам аспиратор за да ја качам спрат плус миризбата кај комшијата што моментално не живее тука. Има ли некое чаре, неповртна клапна некоја, некако да го изолирам тоа оти ми иде на живци. Додека осетам дека смрди и пуштам аспиратор веќе е касно. да стои уклучен постојано ќе ми брчи и не е пријатно да се седи во просторијата.
Размислував да земам со пурпена да ја затнам вентилацијата и тие два стана под мене додека сетат дек има нешто да си бидам раат (после тоа ќе има кавги расправии) ама мисла ми е да не се запали нешто со тек на време со таложењето на мрснотии од готвењето.

Чаре некое?

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18169
  • Giulietta QV 1750 TBi
    • Instagram
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7974 на: 08 Јануари 2022, 09:24:58 am »
Тргни ги филтрите и види дали ги имаш овие "неповратни" вентили на аспираторот и дали се ставени точно или обратно.



Ако се точни, кога не дува аспираторот треба да се затворени. Кога се пушта аспираторот, воздушниот притисок ги турка пластиките и си оди воздухот.

Ако се е во ред, силиконски вентилатор за компјутери уштекан перманентно во струја, на едни луѓе така им го решивме овој проблем. Само мора да е на пристапно место и мора да ти текнува да го чистиш редовно :)
What I daily drive (and daily fix):
2012 Alfa Romeo Giulietta QV 1750 TBi | 230hp 🍀

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7261
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7975 на: 08 Јануари 2022, 09:41:31 am »
Ако надворешниот ѕид е дел од кујната, затвори го твојот излез и отвори си таму.
Ова е најпрљаво/најмачко но долгорочно најсигурно решение.

Друга работа, не е крив комшијата под тебе, крив е изведувачот.
Трета работа, можеви најсоодветно за сите станари би било, да има најгоре на таванот вентилатор кој ќе работи 24/7 да создава проток (нормално ќе имате сите неповратни вентили) како би се оневоозможило оздухот да бега. Секако тоа ќе си оди на заедничка струја. Колку е паметно/изводливо не знам, како идеја.

Присутен MAPJAH

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7201
  • Бенве сие бенве
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7976 на: 08 Јануари 2022, 09:45:19 am »





Цело време мислев дека ја има таа клапна и дека не функционира како треба, ама ај си викам да отворам после твојава сугестија. Нема такво нешто, не знам дали сериски или мајсторите не ја ставиле (што е голема веројатноста). Ќе мора да импровизирам некако, да ставам две, и на влез и на излез. Фала ти многу, одамна требаше да си проверам :)


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18169
  • Giulietta QV 1750 TBi
    • Instagram
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7977 на: 08 Јануари 2022, 10:04:24 am »
Една ќе ти е доста, плус на гравитација функционираат тие, ако ја ставиш на ѕид/оџак нема да си ја брка работата :)
What I daily drive (and daily fix):
2012 Alfa Romeo Giulietta QV 1750 TBi | 230hp 🍀

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30819
    • CARclub.mk
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7978 на: 08 Јануари 2022, 10:09:17 am »
На многу од аспираторите нема вакви клапни. Знам, пошто пред неколку недели менувавме.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6406
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7979 на: 08 Јануари 2022, 10:12:02 am »
Баш го побарав,овој и на фабричката скица нема ваква работа.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html