Во ред, разбирам. Фала... Но само да појаснам, мене не ми е замарање учењето на специфични моменти на тематикава. Напротив. Задоволство ми е детално да разгледувам, макар како лаик, технологии и можности за решенија на проблемите.
Тоа што згрешив, за што повторно ќе се извинам, е што лично те наведов во прашање. Гледајќи наназад звучи како да те ставам во ситуација каде треба да одговориш или да не изгледаш добро ако не одговориш. Тоа не беше фер од мене. Не ми беше тоа намерата, не ни помислив на тој аспект. Јас само сакав (сакам) да развијам дискусија за проблематиката а ете притоа во ентузијазмот за муабетот немав осет да ги предвидам сегашниве реперкусии.
Ете уште еднаш се извинувам за тоа, и нема повторно лично тебе да те прашувам освен ако самиот по своја иницијатива не се вклучиш во дискусијата.
Но не се согласувам со тебе дека единствениот начин е изведувачот да ми направи проект „без јас да се замарам“.
Јас сметам дека изведувачот треба да направи проект според моите потреби кои јас треба едуцирано да ги посочам и детално да ги објаснам. Не тоа да бидат мои музички/филмски желби (можеби естетски изразени или енергетски изразени), туку детално аргументирани објаснувања на моите потреби (и можности) кои само јас лично знам кои се и какви се.
Но за да можам едуцирано да ги изразам своите потреби, морам претходно да се едуцирам за проблематиката. Што активно го правам на други места (од англиско говорно подрачје), ама изборот таму и овде на материјали и техники за кои се обучени работниците/мајсторите е прилично различен. Тоа што го има таму го нема овде, и вајс верса. Тоа прави многу од тие тамошните решенија да бидат неприменливи овде. Што значи дека мора искуства да барам од овде. Што значи прашување за искуства и техники од овде... Дури и кога тоа можеби нема да им се допадне на професионалците како тебе.
