Препорачајте фасадери за Скопје. Има многу по интернетов, ама не се сите добри.
Сакам да ставам 8цм изолација. Дали вреди да се даде 500евра повеке за 8цм 20кг или 17кг се сосема ок?
Внатрешно имам кнауф со 5цм минерална волна.
Name:Saso Fasada
Mobile:+389 76 428 662
Кај мене работеше, фасада. После 5 години ништо не е мрднато, нема нит пукнатина нит ништо. Доплатив ситно за Цересит лепак. Абрипот му е од Ренова.
Лепеше со топки. И јас го замарав со тоа дека треба со линии, па испадна дека тоа важи само за идеално прави ѕидови. Инаку повеќе м-л оди во начинот со топки па не е дека човекот не сака.
Работеше по редослед, прво У врска, стиропор, типли, мрежа со лепак, абрип.
Над 3 м2 прозори одбива од цена. Не работи со графитен стиропор, лепаците не се добро покажани, ако инсистираш, на твоја одговорност.
Е сеа рачунај дека ќе треба и некој ручек д почастиш, сок, кафе.
Јас не би одел на подебел од 8 цм стиропор за СК ама еве 8 нека ме корегира, мн е мала разликата во заштедата на енергија. Јас кај мене имам 5 цм (толку дозволуваше просторот) па немам никакви примедби.