Нешто не чини ако е од рециклирана пластика?
Да. Има таму стандарди кои кажуваат колку отрови можат да испуштаат при пожар итн..
Ако беше така наивна работата, рехау и други најаки производители први ќе почнеа да ја користат.
Не дека ќе се расипат Трокалот. Ама сумлив му е дизајнот и материјалот. Дел од материјало знам дека му е од рециклирана пластика.
AGB оков немам искуство. Комерлинг исто така немам искуство.
Слабо наоѓам на интернет информации и за двата производи.
Овде кај нас секој со својата приказна.
Претпоставувам мисли на ова https://www.agb.it/en-us/products/window-hardware
Ако е овој, тогаш би рекол дека треба да е квалитетен според искуството со шарки, брави и кваки за врати.
Би требало да се добри. Ама не сум ги користел лично.
Да не дојди до пожар, во тој случај не сакаш ни 2 мин да си внатре, не пак да мислиш колку отрови пушта пластиката.
Муабетот е дали воопшто менува во квалитет за редовно користење.
Пријател мој има ставено Трокал пред 4 години кога ја градеше куќата 80мм со 3 стакла само не од Проспера туку од друга фирма локално во неговиот град и до сега е задоволен, вика дека и внатре металните профили кога тој барал што да земе на Трокалот биле најдебели (а тој ми препорача да бегам од Aluplast бидејќи таму биле доста потенки, барем во фирмите каде што гледал тој).
Искрено шашма ми е глава со ова, многу тешки се и фирмиве за понуди, ти праќа на ливче начкрабано на рака без инфо ни за гаранција, ни за перформанси, ни за бренд на стаклото. Уште и ми се испонашаа двајца на телефон оти сум барал гаранција.