Со материјал плус 100 евра ме фаќа. 200 евра за 30м2 комплет.
Лак ми предложи некој си Невеналукс така пишува на кутијата.
Друго ме интересира сакам да направам гаража залепена до куќа. 5 метри должина, 4.5 ширина и висина 2 метри.
Кровот од што е најевтино да се постави? Бетон, лим, ќерамиди?
Грубо израчунато, материјал железо околу 250еур, 50х50мм профил, дебелоѕиден 3мм, со попречни профили за појачување 50х30мм исто дебелоѕидни 3мм, и јас би одел со сендвич панели 5ка, кои се околу 10еур по 1м2, ти имаш 22.5м2 = 225еур. Вкупно 475еур, мање-више, за да го сработиш сам ако имаш алат. Мајстор ќе ти земе 1000еур најмалку.