Кога ја чистам климата, бидејки сум прпаџија од струја, не сакам да биде директно врзана. Одштекај и мирна глава.
Со аспиратор ми се случи да ме здрма од прекидачот за светло...
Затоа постојат осигурачи.
Ќе си го усклучиш и мирна глава.
нема потреба од ништо. со самото гасење на далечинското се прекинува струјата на компресорот ПРЕКУ РЕЛЕ, што значи компресорот нема струја во себе никаква, т.е. нема фаза. нулата и земјата се поврзани и понатака. само увери се дека се е како што треба поврзано, а за тоа ти треба унимер и измери дали на хладњакот под филтерот имаш заземјување, бидејки фабрички хладњакот е заземјен, баш заради моментот вода(кондензат)+струја... останува мајсторот дали добро поврзал, а како што ти пишав, мерливо е тоа...
ако на клима се плашите од струен удар, како палите светло дома? тоа е по опасно, затоа што во моментот кога кликаш на копчето за светло, твојот прст е на само неколку МИЛИМЕТРИ од активна фаза, а филтрите на климата со се хладњакот се на околу 30 САНТИМЕТРИ...