Автор Тема: ЕКО куќи  (Прочитано 1851792 пати)

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8385
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #6135 на: 21 Април 2018, 22:14:05 pm »
Во сред зорт да се најде мајстор за оградниот ѕид, засукав ракави и положив за ѕидар денес.

Ми преседна да ги молам за пари да му дадам па си го изѕидав сам.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6707
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #6136 на: 24 Април 2018, 14:05:06 pm »
Незнам каде на друго место со прашањево. Дали има разлика помеѓу балкон и тераса по македонски? На пример кај првава слика терасата/балконот е интегрален дел од фасадата (и лево и десно имаш ѕид) додека кај вторава слика терасата/балконот е надворешно од зградата без ѕидови лево или десно. Кои се вашите мислења, што на вас повеќе ви се допаѓа и сметате дека е по-практично?




Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20896
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #6137 на: 24 Април 2018, 14:09:45 pm »
Мислам дека у случаиве, и едните и другите се балкони.

Цитат
Another difference between a terrace and balcony is where they are located with respect to the building to which they are attached. A balcony is usually off an upper floor space. Terrace is used to describe a flat platform, patio or something that serves as an outdoor living space, therefore the use in rooftop terrace.

Што би се рекло, ако има “таван” е балкон, а ако нема е тераса.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9231
  • Пичлеме
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #6138 на: 24 Април 2018, 14:10:16 pm »
Првата варијанта секако повеќе ми се допаѓа, а дали има разлика помеѓу тераса и балкон (називот) според мене исто е, според муабетот на Веле не е исто :)

Едит: според муабетот погоре еве тераса:
http://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=2867643
« Последно менување: 24 Април 2018, 14:18:03 pm Ipkisija Meskosa »

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11177
  • Ќybriт Pro Max
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #6139 на: 24 Април 2018, 14:20:03 pm »
тераса е на приземно ниво, ниво на земја или 2-4 скалички разлика
балкон е на кат, отворен бар од 2 страни
логија е како балкон ама затворена од 3 страни (како на првата страна)

@osmica8 може подетални дефиниции да каже

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6707
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #6140 на: 24 Април 2018, 14:27:15 pm »
Bo ред, не ми е важна толку точната терминологија но гледам трендот на градење колку е различен во МК и на пример јас кај што сум. 99% од зградите во МК со балкони се како на првата слика додека сите згради кај мене со балкони се како на втората слика и многу ме интересира од каде доаѓа самиот тренд и потреба за градење балкони на ваков или онаков начин. Во првата слика имаш многу поголема приватност така што си заграден и никој неможе да те гледа што правиш додека кај вторава слика еве да речема имаш повеќе чувство како да си на отворено арно ама секој може да види што правиш.

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #6141 на: 24 Април 2018, 14:32:49 pm »
Bo ред, не ми е важна толку точната терминологија но гледам трендот на градење колку е различен во МК и на пример јас кај што сум. 99% од зградите во МК со балкони се како на првата слика додека сите згради кај мене со балкони се како на втората слика и многу ме интересира од каде доаѓа самиот тренд и потреба за градење балкони на ваков или онаков начин. Во првата слика имаш многу поголема приватност така што си заграден и никој неможе да те гледа што правиш додека кај вторава слика еве да речема имаш повеќе чувство како да си на отворено арно ама секој може да види што правиш.

Овде се градат така затоа што кога се планира зградата, се гради до крај на маркицата и не смее ништо да штрчи надвор (тераса). Така да ја вовлекуваат навнатре за се околу терасата да е станбен простор. И терасата и станбениот простор мислам дека се иста цена при купување.

Во странство веројатно не е праксата да се оди до макс на маркицата за градба и има можност терасата да биде издадена.

Се е до парата :)

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #6142 на: 24 Април 2018, 14:43:46 pm »
Сите ќумези на Адора и компанија со по 500 стана се така изградени ради причините кои ги кажа Урса1986 погоре. Другите малце по фини зградички играат со терасите.

За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11177
  • Ќybriт Pro Max
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #6143 на: 24 Април 2018, 15:05:05 pm »
се оди до крај на маркица во основа и потоа се излага уште 1м20 со еркери
тие еркери може да бидат фини тераси, ама поголема цена на м2 има ако е внатрешен простор

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11898
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #6144 на: 24 Април 2018, 20:18:52 pm »
:D

Шо фин муабет сте направиле.

Немам ни јас најдено точна дефиниција за тераси и балкони. Знам дека кафичите имаат тераси, а не балкони. Од таму можи да се тргни со логика што е што.

Најбитно кај нас е висинита на комуналии платени за тие простории. Таму има дефиниции. Дали е со 1, 2 или 3 ѕида оградена терасата.

@vlatko.klp  Трендот на правење тераси кои не излегуваат од габаритот на зградата е глупаво правило на Општина Аеродром.

Во законот за градење си стои убаво во кои услови можиш да исфрлиш еркер. Еркер се вика тој делот кој виси вон габарит.

Арно ама Општина Аеродром не дозволува да се прават еркери без посебна причина. Ние еднаш запнавме за тоа и ја истеравме на велико. Успеавме и сме единствени со еркери во Аеродром.

Еве ја зградата.
http://www.bokaraton.mk/

Ако загледаш во згради во други општини се појавуваат еркери.

Адора игра на сигурна карта. Да не се замара многу со „компилицирани“ објекти, не прави такви еркери.
Исто така еркерите некаде влегуваат во бруто развиена површина, некаде не. Во опш. центар еркерите не влегуваат во Брутото. Така да после параметрите дадени во ДУП можи да се добијат повеќе квадрати со еркери.

Има и други правила за нив, да не замарам за џабе.

Отсутен NeVeNR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 983
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #6145 на: 24 Април 2018, 20:50:19 pm »
Културно изгледа зградата, дали гледам и брисолеи на бочниот ѕид или грешка сум.
Зини да ти кажу.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2591
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #6146 на: 24 Април 2018, 21:53:34 pm »
Се си има свои предности и маани. Кај нас е логија, затворена од 3 страни нели, и јесда си само од напред со отворен видик и воздух, но сепак коа ќе седиш надвор си има интима. Не те гледаат комшии и не ти слушаат муабет.
На балкон се чувствуваш поотворено, но на ачик си.
Видете ја зградата на Настел у Тафталиџе новата. Ако излезеш да пиеше кафе на балкон, го пиеш  со уште 8 балкони  околу тебе.
Баш пред некој ден застанав и ја анализирав. Од балкон до балкон има многу мало растојание. Како во грчка во смештај. Со комшии и од Алексинац.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11898
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #6147 на: 24 Април 2018, 23:32:44 pm »
Културно изгледа зградата, дали гледам и брисолеи на бочниот ѕид или грешка сум.

Некој вид на брисолеи.
Таму ги криеме климите.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17679
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #6148 на: 25 Април 2018, 20:27:27 pm »
Порано балконите/терасите не се рачунаа во квадратурата на станот. Сега кога купуваш стан си плаќаш рецимо 1000 евра м2 а во него израчунати и балконите/терасите...


Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11898
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #6149 на: 25 Април 2018, 21:53:21 pm »
Тоа се маркетинг трикови. Како мегапикселите.

Ви имотен лист секогаш се издвоени. Имаш станбена (приземје, кат итн...), тераса и подрум.
Комуналии различно се плаќаат.

Тоа што некој ви продава тераса за иста цена......... не е до нив.
:)