Preporaka za vnatresni ili takanareceni sobni vrati?
Najverojatno so beli ke se odi.
Anyone else(Osmica
)
Јас сакав да ставам врати од Ди порте. Бев таму. Многу лоша услуга. Вратите ништо посебно и малку со цените занесени.
Си заминав во Лесна.
Во станот во Битола имавме од таму врати, бевме презадоволни.
Од лесна добив: одлична цена, супер врати на изглед и одлична монтажа.
Моите се од најевтините модели. Некоја пластика како финиш со шарка на Даб и внатре со саќе.
Механизмите се одлични, рачките се Hoppe. Ако сакаш подобри има од истите акустичен панел. Тоа значи како Сале што вика дека немало такви на балканот. Перфорирана, суровинска иверица.
Поскапите одат со медијапан и со фурнир.
Трети по препорака се едни од Битола кои прават врати прва класа за германија. Можи да се нарачаат врати и за во Мк, ама се чека.
Такви имаме во куќата и се мноооогу тешки и лошо монтирани. Секоја врата после 4 год користење е искривена и зафаќа на рамката. Тежината си го прави своето.
Не сум бил на други места да гледам врати, прибидејќи после толку објекти и искуства од колеги овие 3 фирми се меѓу најозборуваните за квалитет/услуга/цена и достапност.
ЕДИТ: Вратите на alumil се одлични. Само не сум имал искутво со нив лично.