Сте слушнале дали годинава ќе има субвенции за ПВЦ прозорци како што имаше лани? На 01.02.2017 го извадија огласот, а претходно имаше најави по медиуми. Годинава некако штама ми личи.
Имено (без субвенции), има два прозорци 180х145 за менување, што се мене тиче би ставил кинески рециклирани најефтини со две стакла, за поефтино да поминеме, ама знам дека ќе се забега со спецификација на профил и стакла.
Менувал некој толкави прозорци во скоро време? Колку да очекувам да платам за најефтини кинезарии, а колку за Rehau комплет?