Покрај Адора и Голден Арт, би ги препорачал и Масон. Имаат неколку згради во изградба, не се заебаваат со изработка. Другар ми работеше за нив, вика дека нема од оние финтите „да пројде пред закон па после цепаме по наше“. Се си било по прописи, материјали квалитетни, работници нивни, значи константен квалитет. Сигурен сум дека и другите две компании се со висок и константен квалитет. Глеам и Бока Ратон се пуваат со квалитет по медиуми и социјални мрежи, можда треба и тие да се проверат.

Поддржувам и стар па реновиран стан, ама поради енергетската ефикасност на старите згради се плаќа поскапо парно ако нема нова фасада (и ако се бира парно греење воопшто). Понекогаш немаат ни лифтови зградите. Ако се бира паметно, се избегнуваат овие работи. Исто, најдобро е стар, нереновиран, па ти да си го реновираш по твој терк, а не да почнат да излегуваат гремлини и слаткарски шлаканици од тој претходно што гледал да закрпи за да личи убаво.
