Имам еднаш местено лустер кај другар у куќа... Значи вадење на таванскиот вентилатор пошто беше расипан, и местење лустер на негово место. Беше лето, денски, и не беше многу топло. Ама кога влегов одма испод ќерамидите, како беше топло и прашњаво тоа равно на пекол е.
Баш приметив имаше стаклена волна изнад таванот од трска. Малку ме зачуди толку стара куќа да има барем некаква изолација (одма после земјотресот у 63та мислам дека е изградена).
Немаше фолија врз стаклената волна... Али кај тебе можеш да стаиш паропропусна, у случај да ти прокапе кровот па да не ти се уништи таванот во собата.
Како год, лустерот го местевме на таа вруќина, у секој момент осеќав дека ќе ми се слоши па ќе паднам кроз таванот од трска у собата доле. Ризик јак, додуше немој да ризикуваш како мене ако е многу топло горе.