Горенаведените 3 греди се со должина од 6м и лежат попречно на 6 независни столбови (исто 10х10х0.3цм) поставени на растојание од три метри во линија како што би лежел лимот (во линија со падот на лимот-надолжно). Попречно столбовите се на 4м растојание, значи останатите 2м на гредите ќе „стрчат“ како конзоли, да не речам еркери

Поентата ми е да не ставам други попречни или надолжни профили, пред се ради естетика, а и да не претставуваат дополнителен терет на конструкцијата. Не е проблемот во носивоста на конструкцијата, туку во (не)можноста за штрафење (не може да се гази врз нив-ќе се свитка) на „обични“ лимови кои би тропкале на дожд, а и под лимот во лето би било како под вршник

Значи да повторам, се работи за настрешница над тераса со изведба на „една вода“.