За која намена ти се прозорите?
Затоа што голем дел од прозорите се исти. Голем промашај има во самиот ѕид. Тој обичено е фалш направен.
Ако сакаш средна цена - добар квалитет, барај ги Рехау или Саламандер.
Ако сакаш поквалитетно Алуминиум профили.
Ако сакаш уште подобро, пола Алуминиум - пола Дрво.
Прозорот ти е ист кај сите. Термопан стакло.
Тоа комори, ова она... к*р се треси во ладна вода.
90% трансферот на ладно/топло ти е заради лошиот ѕид. Прозорот е одличен било кој да го одбериш со термоизолационо стакло.
Подобри системи, со 3 слоја на стакла и со поголема профилација се потребни за несекојдневни ситуации.
Топла препорака и од мене.
Јасно.
Сибир или Дубаи.
Не би се сложил со Вас не се 3 слоја стакло само за Сибир и Дибаи, еве на Водно зграда за колктивно домувања ја изградија со Рехау профил и 3 слоја стакло, и да, прави разлика во изолација.
*Намалување на енергетските загуби на прозорецот со замена на стариот дрвен/пластичен прозорец од 80 те години (Uf = 1,9, Ug = 3,0) со прозорци од
ГЕНЕО профили(
Uf = 0,86, Ug = 0,5, големина на прозорец123 x 148 cm)
Кај 2 слојните прозори коефициентот
Uf-рамка: 1,3 W/m2K, а Ug-стакло = 1,1.
Ова е за 5 коморен Рехау, рачунајте дека кај 4 коморните е уште поголем коефициентот.
Или што значи ова во пракса:
Доколку се ставени прозори со 5 комори и 2 стакла потребна енергија за греење, без менување на останати параметри (изолации итд.) само со промена на прозорите во 6 коморни со 3 стакла,
се намалува за околу 16%.
Не е мала разлика ако се има во предвид дека ова е инвестиција која треба да трае наредните 20+ години.