WOW,прво и најважно......премногу ФАЛА за исцрпните одговори....навистина.
2....
После сите муабети,дечкото ке се откажи од купување на кола

п.с Која година е Еосот,од прво не беше погоден тој мотор,после тоа го средија
Нема да се откажам

Здраво на сите,
веќе неколку недели го читам форумот и навистина сум изненаден од feedback-от на членовите во него,секоја чест.
Значи маката е следната 
Разликата меѓу двата модели е само 400 евра(Megane-от е поскап заради 17"Al и ESP).
Денес бев со жена ми на тест на горенаведениот Golf(нормално без Rabbit додатна опрема). Вика батали се друго
,ова е кола. Мислам јас ја возев 
И јас самиот сум повеќе за тој модел-закон,повлекува ненормално 250Nm на 1500rpm. Но со мене беше еден од најблиските другари кој е тежок "французин" кој сака да вози само Renault,но и поседува Megane. Не велам дека тој греши, Megane-от е повеќе од солиден,но само едно нешто ме мачи,а то е секако повратната вредност на возилото,пример за 10 години период. Ве молам напишете некое мислење, сакам да прочитам некој што имал искуство со еден од двата модели,значи повратна вредност и мотор. Пошто ова ќе ми биди прва кола што ја купвам,а отсекогаш сум мислел дека VW се репер за квалитет по кој се водат другите фирми.
Фала за feedback-от.
Поздрав
Гледам пет страни се испишале, веројатно има и такви и онакви одговори, јас само ќе ти кажам, слушај го своето срце, вози го она што сакаш сега да го возиш, без да му мислиш за вредноста при продавање. Колата ја купуваш за да ја возиш и изнавозиш, а кога ќе ја продаваш тогаш ќе мислиш за новото возило, а не дали старото ќе го шитнеш 400-500 евра повеќе.
Не слушај другари и пријатели и рекла-казала. Колата нема да ја вози твојот најдобар другар нити комшијата, ти и женати ќе ја возите. Вие сакате да ви биде вам убаво, а не да му биде кејф на комшија/другар/роднина што ти си купивл вакво или онакво возило.
Толку од мене, за другото сам одлучи си и да не му се секираш што и кој како мисли.
Се надевам дека помогнав 
Помогна

3...навистина е како дневна соба назад......а ќе ми биде од огромна корист просторот,сепак фамилијарна.
4....Го обожавам новиот Fokus,но...спрема мене се знае кој е над него,единствен.
5....вкусот преовладува нај накрај...во право сте ама баш сите.
6.Пред 12 години стариот мој купи нова 1.9D Xsara 72KC,направивме 179000Кm без да го гибниме моторот или било што на неа. Потрошувачка до последно 5,5 на отворено.....алал да им се парите на Citroen и секоја чест на французите. Најважен фактор според мене беше....самото внимание кое татко ми му го посветуваше на автомобилот беше зачудувачко,ама неможеше прашина да заприметиш под хаубата,бог да чува внатре. Ја продаде пред да влезе законот 2009 за солидна цифра.Но....отсекогаш сум мислел дека кога ќе купувам нова кола,би сакал да биде германска и кој ако не Golf.
7.Знам дека ги има премногу и мене ми се досадни по улици....ама досадно добра кола

8. Најискрено ви благодарам на сите.....јас веќе се имам одлучено,и кога ќе го купам ќе го сликам за во гаража и ќе се видиме на некој собир,обавезно,и секако по темите во форумот.
9.За поборниците на Megane,ви кажав дека имам длабок респект спрема французите,ви благодарам,и јас искрено,ставајки го настрана Golf-от(пошто е мој избор),ама бaш на секој би му го препорачал Megan-от,поготово горенаведениот мотор.
И да.....таа е опремата Rabbit,само што овај ќе има 8 звучници и секако двозонска клима,ASR-от го има и во подолно ниво на опрема.
Уште еднаш ви благодарам,ќе се видиме во гаража за 2/3 месеци(уште го немам порачано).
Поздрав на сите!!
