Здраво на сите,
веќе неколку недели го читам форумот и навистина сум изненаден од feedback-от на членовите во него,секоја чест.
Значи маката е следната 
Разликата меѓу двата модели е само 400 евра(Megane-от е поскап заради 17"Al и ESP).
Денес бев со жена ми на тест на горенаведениот Golf(нормално без Rabbit додатна опрема). Вика батали се друго
,ова е кола. Мислам јас ја возев 
И јас самиот сум повеќе за тој модел-закон,повлекува ненормално 250Nm на 1500rpm. Но со мене беше еден од најблиските другари кој е тежок "французин" кој сака да вози само Renault,но и поседува Megane. Не велам дека тој греши, Megane-от е повеќе од солиден,но само едно нешто ме мачи,а то е секако повратната вредност на возилото,пример за 10 години период. Ве молам напишете некое мислење, сакам да прочитам некој што имал искуство со еден од двата модели,значи повратна вредност и мотор. Пошто ова ќе ми биди прва кола што ја купвам,а отсекогаш сум мислел дека VW се репер за квалитет по кој се водат другите фирми.
Фала за feedback-от.
Поздрав
Гледам пет страни се испишале, веројатно има и такви и онакви одговори, јас само ќе ти кажам, слушај го своето срце, вози го она што сакаш сега да го возиш, без да му мислиш за вредноста при продавање. Колата ја купуваш за да ја возиш и изнавозиш, а кога ќе ја продаваш тогаш ќе мислиш за новото возило, а не дали старото ќе го шитнеш 400-500 евра повеќе.
Не слушај другари и пријатели и рекла-казала. Колата нема да ја вози твојот најдобар другар нити комшијата, ти и женати ќе ја возите. Вие сакате да ви биде вам убаво, а не да му биде кејф на комшија/другар/роднина што ти си купивл вакво или онакво возило.
Толку од мене, за другото сам одлучи си и да не му се секираш што и кој како мисли.
Се надевам дека помогнав
