Ме изнервира еден идиот со бордо Опел Омега. Негде кај макоил во лисиче си возам јас, пред мене веспа, а во лева лента пред мене друга кола, али јас на ќош и бев, со иста брзина идевме. Гледам идиотот од позади со омегата пробува да се пикне меѓу нас, и ај подзакочив да влезе ама копитово си продужи како да ја нема веспата. Дечково со веспата изгледа се исплаши кога го виде до него, вртење на десно, во ивичњак и се лизгаше неколку метри, искри и пластики летаа од веспава, а копитото со омегата ни да подзастане.
Јас закочив и почекав да видам да не е повреден, гледам стана и се качи на веспа па си продужив.