Мене сеуште не ми е јасно кај се брзаат сите. Не дека ме нервира, туку едноставно ми е чудно, секој се брза некаде, се свири по семафори, секундата се цепи во десетинки на семафори, не се почитува десно правило (не сум сигурен дали голем дел од возачите го владеат). 
Сето тоа на 30 посто невработеност во државава, па уште кога ќе погледнеш каква будала ти свири со пластично лажиче во уста и дека освен да посети кладилница и да испие едно еспресо нема никаква друга дневна активност...
Други работи што ме нервираат (во Куманово)
1) допунското зелено за десно (кое го имаме само на неколку раскрсници) се третира како нормално зелено светло, значи си вртат десно без да погледаат дали им оди кола која поминува на зелено од лева страна
2) диви таксисти кои зафаќаат места од зонско паркирање без да платат затоа што се нон стоп до колата
3) ако снема струја или се исклучат семафорите настанува општ хаос без да се знае кој има предност на минување
4) крпење улици во Куманово на два начина (средновековен начин: на асфалтирана улица се полнат дупките со базалтни коцки и модерен начин: на асфалтирана улица без тампон се мачка асфалт како паштета во тенки слоеви за да се распадне до следниот предизборен период)
5) да не биде дека критикувам само локална власт, значи сите патишта што одат до Куманово се во полураспаѓање од автопатот Александар Макадамски, па се до патиштата до К. Паланка и Св. Николе. Да не зборам и дека нема асален знак на тие патишта и дека до скоро немаше ниту една осветлена клучка на влез во Куманово.