Автор Тема: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?  (Прочитано 2709201 пати)

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Инаку во последните 3 години ни јас се немам степано прописно, али да го сретнам кељавоно со црвена Хонда Цивик 1.8  (без двајца другари у кола), ќе си го расипам просекот.

Дури 3 години си издржал !?  ;D

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Би се изнеадил колку ми е долг.....фитиљот. ;D

Отсутен SaseMajstorot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 508
гледам за нож се фативте за безвезе.... Послеедно салам се тепаав во осмо на крајот на осмо, ситни работи ималои во последниве три години. За една работа многу се слагамсо Онак... шо мешаш фамилија,бе?? кога пцуеш по некој имај ги предвид последиците...може е будала и носи ѕвездаста 32ка под седиште..(ко ја)...може стварно ќе го навредиш??? може е мајкаму почината пред скоро и ќе збесни многу лесно....
Или носи 9 мм Берета.Треба да се избегнуваат вакви ситуации затоа што можеш во афект да направиш глупост па да одговараш кривично.
  шо вика типчево погоре....многу ми е долг ... фитилот, ја носам повеќе во улога на убеџивач... се може да те задеси по пат. Најдобриот другар на дедо ми бил убиен од стопер...причини непознати....


Баш вчера на идење од бт, цела колона камиони се влечкаат со 70-80... чекам погоден момент, давам жмигавец и ја обиколувам колоната... Стигнав некаде до пола колона( so edno 120) и еден идиот без жмигавец, без пулење на ретровизор буквално ми се пикна на пола метро од мене со тоа камионот.....  Ни сам незнам како изреагирав да не се втерам под камион... знаеш она чувто кога срцето ти работи на три клипа? е така....
  потоа, го обиколив, идиотот опуштено си збореше на мобилен потпрен на волан..., ја стегнав свирката и го пцуев онака од срце, убаво и долго, со намера да ме види и да му стани јасно дека ке ме убиеше.... Па со него бев стварно спремен да се тепам ако го видам да отвори уста да пцуе...
Како Југо нема друго! - и поарно шо нема!

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5299
  • VW Golf MK3 1.9 TDI

Мора да смислат некако, воопшто да не биде возможно да се користи мобилен телефон во возило кое е вклучено во сообраќај. Освен ако зборувањето не е преку hands-free додаток. СМС и интернет да бидат недостапни.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7121
Во право си @Van, многу пати ми иде сам на себе да си врзам шамар кога ќе се фатам како влагам у кола и го фаќам телефонот да ѕвонам. 

Мора да се набави адекватен bluetooth уред за во возило, слушалка не врши работа, треба да ја полниш па да ја најдеш кога ѕвони телефон... Подобро е телефонот воопшто да не е покрај мене кога возам.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29792
    • CARclub.mk
Бљутуц станува нормална, очекувана и практична потреба за во кола.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6190
  • 69

Мора да смислат некако, воопшто да не биде возможно да се користи мобилен телефон во возило кое е вклучено во сообраќај. Освен ако зборувањето не е преку hands-free додаток. СМС и интернет да бидат недостапни.

Aпсолутно се слагам со тебе.
Ама како тоа да се изведе?
Ете и закон има, и пак е се за џабе...

Блутут слушалка е некогаш поризична од самиот телефон.
Ја бараш, гледаш, вртиш, превртуваш, го тргаш видот комплетно од патот.
Конкретно јас имам точна позиција каде ми стои, пример зврцана во дупката од упаљачот. Но 95% од возачите немаат таква навика да ги ставаат работите на исто место, и едноставно само со пуштање на раката без да гледам знам од каде ја земам и каде ја враќам.
И повтоно проблем...
Него најважна е свеста на луѓето, која кај нас ја нема...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Gabau

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 489
http://anhoch.com/pcmarket/index.php?cat_id=372&pid=32902
Добра работа, на дедото му земавме за роденден и добро функционира, како маана може да се каже само дека се спојува со еден уред (има и што може со два уреда истовремено ама ги нема во анхоч )

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5299
  • VW Golf MK3 1.9 TDI

Мора да смислат некако, воопшто да не биде возможно да се користи мобилен телефон во возило кое е вклучено во сообраќај. Освен ако зборувањето не е преку hands-free додаток. СМС и интернет да бидат недостапни.

Aпсолутно се слагам со тебе.
Ама како тоа да се изведе?
Ете и закон има, и пак е се за џабе...

Блутут слушалка е некогаш поризична од самиот телефон.
Ја бараш, гледаш, вртиш, превртуваш, го тргаш видот комплетно од патот.
Конкретно јас имам точна позиција каде ми стои, пример зврцана во дупката од упаљачот. Но 95% од возачите немаат таква навика да ги ставаат работите на исто место, и едноставно само со пуштање на раката без да гледам знам од каде ја земам и каде ја враќам.
И повтоно проблем...
Него најважна е свеста на луѓето, која кај нас ја нема...


Јас жичани слушалки користам, и ако сум сам во кола ги ставам слушалките на уши пред да почнам да возам. ОК, тоа не е баш практично за долги релации, ама за низ град е ОК.
Е сега кој како ќе си го организира сето тоа, негова работа е - се додека постои некаков начин да се присили спроведување на законот, ама по можност без интервенција на полицијата.

Значи едно можно решение би било следново. Како што сега фискалните каси имаат мобилна конекција (која не знам, ама мислам дека е решение со хардвер како за мобилен телефон и СИМ картичка), така и колите би можеле да имаат нешто слично. Тоа државата би го финансирала, преку парите од регистрација - за што давачките и онака се превисоки, па ете за нешто корисно нека се искористат.
Со таква опрема во колите, се отвараат можности. Прво е можно да се користи лоцирање преку триангулација, ако во исто време имало разговор од иста локација со СИМот на мобилниот на возачот - ете доказ за користење мобилен телефон непосредно пред евентуалната несреќа.
Или уште подобро, СИМот од колата да биде поврзан со СИМот од мобилниот, и самиот провајдер да ги оневозможува услугите во однос на податоци за близина на СИМовите и нивно движење.

Не е едноставно, ама не е ни невозможно. Мислам дека каде и да е, ќе направат вакво нешто во поразвиените држави. Овде кај нас, само можеме да се надеваме дека полицијата ќе казнува повеќе - и уште подобро, судовите пред секоја постапка за сообраќајна несреќа дека ќе проверуваат со мобилните провајдери, дали телефонот бил користен непосредно пред несреќата. Всушност тоа треба и сообраќајната полиција на лице место да проверува во телефонот.

Присутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6674
Лугето уште каиш не ставаат, ги мрзи 2 секунди работа да го повлечат каишот и да се заврзат или пак изговор ги гушело, ке се задавеле, ги стегало, а не ке ставале електроники за контрола на мобилен.
Ке натераш некој со лада на кој едниот прозор му е со штрафцигер прицврстен да не му пага и секое утро му пресисува карбураторот, да ти стави таква направа за контрола на мобилниот телефон.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5299
  • VW Golf MK3 1.9 TDI

Фискалните каси ги сменија, или старите ги користат?

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Фило, на тој со ладата му требаат двете раце за управување, поголем проблем е некој суљо со X19 или Q12 што пишува порака, сурфа на нет и збори на вибер додека вози.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5839
Неколку работи да издвојам, генерално тоа е она што знае да ме ,,изнервира'' во наводници бидејќи не е тоа некоја нервоза. Инаку сум ептен искулиран возач.

1. Луѓе што се лепат на браник од позади иако возам над 70 секогаш( каде што дозволуваат услови), сообраќај ми се нема десено у живот да кочам и да ми свирне некој на семафор за да тргнам. Луѓе што се лепат во тесни едносмерни улички. Да имав еден 101 стар кој не им кочеше нагло на тие еве на. Па праи се ја после колата ебате идиотот.

2. Луѓе што претерано се влечат( да речеме со 30км/х)  напред зборејќи на телефон, у смисол не е ебам жива сила. Луѓе без осет како да е сам на улица.

3. Пешаци пишман аџии. Се приближуваш, си кочиш фино лепо, трга еден чекор се враќа, ти го глеаш дека се вратил си пуштил малце кочница( возиш со 20), пак трга, пак се враќа. Ало бре, те гледам или помини јас ќе застанам или стој да поминам ебате. И пешаци изгубени во свемирот. Му застануваш и си стоиш така, он гледа некаде којзнае каде и не тргнува.

4. Луѓе кои прават цик цак измеѓу коли во смисол брзаат и на крајот после 100 метра пристигнува на семафор цели 5 секудни пред мене. Зошто бе пиле? Ако веќе брзаш прај го тоа коа има простор да стигнеш побрзо а не вака од чалам.

5. Сељачана со милијарда кубика под хауба гледа дека јас возам побрзо. И не е жив ако не ме помине за да покаже дека има побрза кола. Браво бе момче, следен пат коа ќе те видам ќе ти станам да те поздравам.

6. Нервозни возачи кои легнуваат на свирка и свират како ненормални во колона, во гужва.  Демек ако свириш ќе се расчисти колоната? М?

7. Нединамични, заспани возачи, прост пример: Се уклучуваш од уличето кај Пошта 2 за да одиш десно преку мостот накај саем. Тука често се дешава коливе што идат од лево да ги пропуштат овие што се убацуваат бидејќи е краток семафоров и поспоро се движат колите тука. Сега овој од таму застанува овој ќоравиот пред мене дреме. Ем нас не кочи, ем ги кочи тие што се позади тој што го пропушта. Не треба многу за да процениш дали некој те пропушта зарем не? Па макар и да не ти мавнал со рака.

И на крај поради безбедност, најпрво за нив а потоа и за другите.  Луѓе со тоталка технички неисправни возила, калемки.  Вози и задницата му праи осмици. Врти прво иде предницата па после неа задницата како приколица. Возачи со гуми пепел, со други зборови сликови. Поминал на регистрација, а возилото му е за на преса.
« Последно менување: 05 Јуни 2015, 14:46:48 pm Allexxander »

Присутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6674
За точка 3, кога имам намера да пропуштам пешак, а тој се двоуми дали да тргне, или тргнал, ама застанува и гледа дека ја наближувам ама и кочам, одма замавнувам со раката за да проагаат.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5839
Многу јасно дека ќе мавнеш ама на тој шо гледа. На некој џабе му мафташ. Исто како да му мафташ на баци да не ти ја чисти шофершајбната тој си тера по свое.