Добро познатиот муабет за колоната од Велес до тунелот кај Катланово во понеделник (веројатно) цел ден.
Годинава, поучен од и.ланското искуство, решив да патувам малку подоцна, надевајќи се дека ќе ја избегнам гужвата на втора патарина.... Топук.... исто, гигаметарска колона, која, за разлика од лани,барем се движеше со 20 на саат.
И, се разбира, констатацијата дека сме копучаана од народ, дека целосно заслужуваме се` шо ни се случува, дури и малку ни е:
1. Бидејќи, нели, 2км колона од возила, т.е. возачите мора да се глупи штом возат во една лента, кога нема реална можност за возење во „затворените“ ленти. Во такви случаи, копучааната решава да ги користи лентите кои се асфалтираат, па подоцна да упадне во лентата која е единствено обележана за возење и да додава гужва на гужвата;
2. Бидејќи, нели, возењето СУВ подразбира предност во било какви услови;
После втора патарина некако зачестија застанати возила во „забранетите“ ленти со пукнати (!) гуми, дупнати картери, скршени браници, и од таа лекција сите многу брзо научија зошто баш дозволената лента е дозволена.