Расте списокот на коли што скоро по дифолт имаат расштелувани фарови. Ако до сега на 99% од Матизите и Спарковите фаровите им светеа у небо и заслепуваа, сега на списокот можам да го додадам и Пежо 207.
Нели може џандар да те запре и да ти рече „ало, фарот ти свети у небо, еве ти опомена да го средиш под итно“?
Проблемот е што при “аматерска“ замена на сијалиците фарот многу лесно се расштелува. Иако не би било многу попоуларно, јас сепак би препорачал замена на регорена сијалица во сервис.
Не знам зашто би се расштелувал?
На пример, кај мене е со рефлектор капа, и кога менувам сијаличка, не ја допирам капата и не го модифицирам фрлањето на снопот во ниеден момент. Лежиштето на сијаличката си излегува, се менува сијаличката и се враќа на истото место. Не можеш да го утнеш ни тој дел, пошто само при одреден агол може да се вметне лежиштето и да се „заклучи“ неговата позиција.
Не знам кај другиве како е, ама кај мене не би можел да влијаеш на штелувањето на фаровите ако внимателно смениш сијаличка. Не знам како успеаа при монтажа на ксенонот малку да изместат некои чуда таму, па тогаш морав да идам на штелување.