Пазете на пешачиот премин при влезот во Скопје пред Лук Оил. Најголемите верижни судари се случуваат баш на ова место во двата правци..до сега имам видено најмалку 5.
Пешачкиот не е обележан со семафор, и во 99% од времето не поминува никој, а пешак поминува кога нема никој.
Но...
Сабајлево фаќам лева (да, пак лева) лента на булеваров и гледам дека пред пешачкиот стои битолско комбе во десна лента...пошто нели..пешак по секоја цена.
Бидејки е комбе, од позади кај што бев не се гледаше дека пропушта пешак, но претпоставив и застанав.
Помина девојкава на пешачки и позади мене слушам кочење, кочење абе дискови палење....
Гледам сиво Хјундаи во ретровизор, готово ќе ме јавне...
Сместа убавцување во прва и се престроив пред комбето, Хјундаито застана на моето место, ако не и нешто понапред...
На следниот семафор дечкото , отвори прозор, се заблагодари на реакцијата, а јас му предложив да си смени плочки пошто 50 метра му беа малку за да застане.
Во спротивно , од утре и двајцата со аутобус ќе одевме на работа.
Пазете таму.